Подгответе ги првачињата за првиот училишен ден
Понекогаш, училиштето може да биде стерсно за малите деца, особено фактот да бидат одделени од домот и од родителите. Затоа е важно уште веднаш да почнете да размислувате како да им го направите безболен првиот училишен ден.
Купувањето на ранец и училишен прибор се потразбира, но постојат и многу други работи што родителите можат да ги направат за нивните деца.
1. Помогнете им да развијат позитивна слика за училиштето
Првиот училишен ден може да биде стресен и за детето и за родителите, особено ако родителите имале негативно искуство поврзано со училиштето и образованието. Но, и ако тоа е случајот, не треба да дозволите да влијае и на вашето дете.
Уште пред првиот училишен ден, детето треба да го доживува училиштето како сигурно место во кое секојдневно ќе открива и ќе учи нешто ново, ќе стекне нови пријателства и ќе ги развива своите потенцијали. Затоа секогаш кога разговарате за училиштето, имајте позитивен став!
2. Подгответе го детето за разделбата од родителите и семејството
Иако денес повеќето деца посетуваат градинка пред да почнат на училиште, заминувањето во училиште е поразлично искуство. Децата таму нема само да играат и да се забавуваат, а постепено ќе се зголемува и нивниот престој таму. Треба да му ставите до знаење дека додека е на училиште, вие и останатите членови од семејството исто така имате свои обврски и дека не може да замине кога ќе посака.
3. Објаснете му за обврските кои ќе ги има на училиште
Една од најголемите промени за децата се обврските околу училиштето. Нивното секојдневие ќе биде многу повеќе исполнето со задачи, отколку со игри. Детето треба тоа однапред да го знае за да не го доживее како шок. Исто така, мора да знае дека на училиште постојат одредени правила на однесување и дека е особено важно да ја слуша и почитува учителката. Обидете се да му го прикажете ова на суптилен начин, а не да го исплашите. Едноставно објаснете му како ќе изгледа еден негов училишен ден и дека откако ќе ги напиште домашните задачи ќе има доволно време за игри и забава.
4. Научете го за хигиената и самостојно да се облекува
Има многу деца во прво одделение што сѐ уште не знаат сами да ја облечат јакната или да ги врзат врвците од патиките. Овие работи, секое дете треба да ги знае пред да почне на училиште. Исто така треба да знае само да оди во тоалет, да го избрише носот итн.
Овие совети ќе ви помогнат побрзо и полесно да го подготвите вашето дете за новата авантура во неговиот живот.
Извор: stil.kurir.rs