8 работи кои паметните луѓе никогаш не ги кажуваат
Емоционално интелигентните луѓе знаат дека одредени фрази имаат посебна моќ – тие прават да изгледате лошо дури и кога зборовите се вистинити. Постојат работи кои едноставно никогаш не сакате да ги кажете на работа. Без разлика колку сте талентирани или што сте постигнале, постојат одредени фрази кои веднаш го менуваат начинот на кој луѓето ве гледаат и може вечно да ве фрлаат во негативно светло. Овие фрази се толку преполни со негативни импликации што можат да ви ја разурнат кариерата.
Па, колку од овие убијци на кариерата сте слушнале низ канцеларијата во последно време?
Не е фер!
Секој знае дека животот не е фер. Изговарајќи го ова, во очите на другите изгледа дека мислите дека животот треба да биде фер, што ве прави да изгледате незрели и наивни.
Ако не сакате да изгледате лошо, треба да се држите до фактите, да останете конструктивни и да ја оставите вашата интерпретација надвор од неа. На пример, може да се каже: “Забележав дека му го доделивте проектот на мојот колега, а јас навистина се надевав дека ќе работам на него. Дали може да ми кажете зошто сметавте дека јас не сум доволно добар/а, за да можам да работам на тоа и да ги подобрам тие вештини”.
Нема проблем
Кога некој ќе побара да направите нешто или ви се заблагодарува за нешто што сте го направиле, користејќи ја оваа фраза како одговор, вие имплицирате дека нивното барање ви претставувало проблем. Ова ги тера луѓето да се чувствуваат како да ви наметнале нешто.
Наместо тоа, покажете им на луѓето дека со задоволство ја вршите работата. Кажете нешто како “Ми беше задоволство” или “Секако дека ќе се погрижам за тоа.” Тоа е суптилна разлика во јазикот, но има огромно влијание врз луѓето.
Ќе ми треба само една минута.
Велејќи дека нешто трае само една минута, ги поткопува вашите вештини и дава впечаток дека брзате низ задачите. Освен ако буквално нема да ја завршите задачата за 60 секунди, слободно кажете дека нема да потрае долго, но не правете да звучи како задачата да може да се заврши побрзо отколку што всушност може да се заврши.
Ќе се обидам…
Ќе пробам или ќе се обидам сугерира дека немате доверба во вашата способност да ја извршите задачата. Ако од вас побарале да направите нешто, или се залагате да го направите тоа или да понудите алтернатива не кажувајте дека ќе се обидете затоа што звучи како оправдување дека постои голема веројатност да не успеете во тоа.
Тоа не спаѓа во описот на мојата работа.
Оваа често саркастична фраза прави да звучите како да сте само подготвени да го направите минимумот потребен за да добиете плата, што е лошо ако сакате да останете на тоа работно место.
Ако вашиот шеф побара да направите нешто што сметате дека е несоодветно за вашата позиција, најдобриот потег е да ја завршите задачата најдобро што можете. Подоцна разговарате за вашата улога во компанијата и дали е потребна некаква промена на вашите обврски.
Не е моја вина/грешка.
Никогаш не е добра идеја да ја предадете вината на некој друг. Бидете одговорни. Ако сте имале некоја улога – без разлика колку мала – во она што тргнало погрешно, кажете го тоа. Ако не, понудете објективно и непристрасно објаснување за она што се случило. Држете се до фактите и вашиот шеф и колегите нека извлечат свои заклучоци за тоа кој е виновен.
Во моментот кога ќе почнете да покажувате со прст на другите, луѓето почнуваат да ве гледаат како некој кој нема одговорност за сопствените постапки.
Не можам
Луѓето не сакаат да слушнат што не можете, бидејќи мислат дека тоа значи дека не сакате. Велејќи дека не можете да направите нешто сугерира дека не сте подготвени да го направите тоа што е потребно за да ја завршите работата.
Ако навистина не можете да направите нешто, бидејќи навистина ги немате потребните вештини, треба да понудите алтернативно решение. Наместо да кажете што не можете да направите, кажете што можете да направите.
Ја мразам оваа работа!
Последното нешто што некој сака да го слушне на работа е некој кој се жали на тоа колку ја мрази својата работа. Ве етикетира како негативна личност и го намалува моралот на групата.
Крај