7 работи кои треба да ги има во секоја женска чанта
Додека на мажите им е доволен паричникот кога излегуваат од домот, повеќето жени не можат да одат никаде без нивната чанта.
Чантите се многу повеќе од само моден додаток за повеќето жени, бидејќи буквално го носат својот живот внатре.
Освен важни работи како документи за лична идентификација, паричник, клучеви и телефон, има и неколку други работи што секоја жена треба да ги носи во чантата.
Безопасни игли: никогаш не знаете кога ќе се случи катастрофа и ќе ви треба безопасна за да го држи расипаниот патент од пантолоните или чизмите додека не се вратите дома.
Бонбони или мастики: особено ако јадете туна салата за ручек.
Парфем: секогаш со себе носете мало шишенце со омилениот парфем за да бидете сигурни дека ќе мирисате убаво и свежо во текот на целиот ден, особено во топлите летни денови.
Влажни марамици: мајките најдобро ја знаат важноста на влажните марамици и ги носат со себе каде и да одат. Тие се задолжителни и за жените кои немаат деца бидејќи можат да бидат корисни во најразлични ситуации.
Фластери: Задолжително носете со себе, особено доколку носите нови чевли. Голема е веројатноста дека ќе ви треба фластер краток период после носењето на чевлите.
Тампони/влошки: секогаш бидете подготвени за оваа ненадејна појава за да не се најдете во непријатна ситуација.
Вода: останете хидрирани во текот на целиот ден со тоа што ќе ностите шише вода со себе.
Крај