Ако не можете да го направите ова пред партнерот, тогаш тој не е вистинскиот!
За една врска да се развие, неопходно е двајцата партнери да научат како да се чувствуваат удобно во врската – и тоа вклучува правење и изговарање на многу навидум непријатни и засрамувачки работи. Откако ќе поминете одредени пресвртници во односите и ќе почнете да откривате чувство на сигурност, поддршка и доверба кај другиот, ќе знаете дека ќе бидете заедно долгорочно. Фазата на сигурност што ви озовможува да бидете тоа што навистина сте, треба да дојде природно.
Ако не можете целосно да се опуштите пред партнерот – од која било причина – одвојте времe да разговарате за тоа.
Еве неколку незгодни работи кои треба да можете ги направите и да кажете еден пред друг – ако планирате да бидете заедно долгорочно – бидејќи на тој начин покажувате колку многу се сакате и колку сте опуштени.
Да зборувате отворено за здравствени проблеми
Без разлика дали тоа е проблем со дигестивниот систем или особено тежок ПМС, треба да се чувствувате пријатно да споделите со партнерот кога нешто влијае на вашето здравје. Дозволете му на партнерот да знае со што се справувате и на тој начин повеќе ќе бидете поврзани. Зборувајќи отворено за вашето здравје, можете да си понудите поголема поддршка, што е секогаш убаво кога не се чувствувате добро.
Да бидете опуштени за природните фукции на телото
Ако планирате да бидете со некој долгорочно, ќе дојде денот кога ќе мора да бидете поотворени за телесните функции. И тоа е добра работа бидејќи не можете секогаш да се криете или да се чувствувате засрамени од природните телесни процеси.
Да ги откриете малите несовршености и мани
Во почетокот на врската, може да бидете под силно искушение да се прикажете во најдобро светло и можеби да ги сокриете несовршените аспекти на вашата личност. Но, бидејќи овие работи не можете долго да ги криете – особено ако планирате да бидете со некој долгорочно – најдобро е што побрзо да бидете искрени за нив. Треба да бидете во можност да ги искажете своите мислења, ставови и потреби и да се чувствувате сигурни правејќи го тоа.
Да зборувате за вашите несигурности
Како што напредува врската и кога двајцата почнувате да сфаќате дека ова ќе биде долгорочно, може да почнете да се чувствувате поудобно и да се отворите за вашите најдлабоки несигурности. Чувството на сигурност ни овозможува да зборуваме за нашите несигурности и перцепираните слабости. Преку меѓусебно споделување на вашите надежи и стравови, грижи и несигурности, вие не само што ќе се чувствувате поблиски како двојка, туку исто така ќе бидете поспособни да си помагате меѓусебно.
Крај