5 работи со кои ја влошувате настинката
Без разлика колку ќе го зајакнете вашиот имунолошки систем со додатоци, речиси е неизбежно да се биде жртва на сезонските болести како настинки и грипови во текот на зимата. Затоа кога сте настинати, избегнувајте да ги влошите симптомите и да го продолжите вашето закрепнување со тоа што ги правите следните грешки.
Не јадете
Лесно е да заборавите да јадете во ваква ситуација, но на вашето тело му е потребна енергија од храната за да може да ги издржи напорите на вашиот имунолошки систем во борбата против болеста. Свежото овошје, супите и чорбите треба да бидат дел од вашата исхрана, за да можете да се опоравите што побрзо.
Не внесувате доволно течности
Вашето тело треба да биде добро хидрирано за да функционира кога сте здрави, а уште повеќе кога сте болни. Чаевите, соковите и водата ќе му помогнат на телото да ги исфрли токсини, да ги надополни електролитите и да ги одржува влажни мембраните за да ги фатат и исфрлат секретите.
Не спиете
Вашето тело најдобро се справува со болеста кога ќе одмарате. Немојте да мислите дека тоа што сте болни е одлична можност за да поминете повеќе време во гледање на вашите омилени емисии – дајте му го на вашето тело потребниот одмор. Меѓу другото, спиењето ви помага да се борите против инфекцијата, дозволувајќи му на вашето тело да ја насочува енергија на местата каде што најмногу им е потребна, односно на вашиот имунолошки систем кој ви помага да се борите против инфекцијата.
Прекумерна употреба на лекови
Освен ако не е пропишано од вашиот лекар, лекови како антибиотици не треба да бидат автоматски одговор на обичните настинки. Прекумерната употреба може да го направи вашето тело отпорно на нив, што ги прави помалку ефективни кога на вашето тело навистина му се потребни.
Работите
Зголеменото ниво на стрес игра голема улога во честата подложност на болести. Ако вашиот имунолошки систем е компромитиран затоа што сте уморни и ментално исцрпени, обидот да работите за време на настинка става поголем притисок врз вашето тело, барајќи повеќе време за да се опорави, што ќе ја продолжи болеста и ќе ве држи надвор од акција подолг период.
Крај