Работи во домот кои ретко кој ги чисти: Највалкани од сѐ, легла за бактериите!
Без оглед на тоа дали го чистите домот темелно еднаш неделно или еднаш месечно, веруваме дека се обидувате чистењето да го извршите што попрецизно и подобро со цел подолго да уживате во резултатите од својата работа. Сепак, се случува сите ние да заборавиме на некои делови од станот, а ние ви ја претставуваме листата со најзапоставените делови од вашиот ентериер.
Далечинскиот управувач
Површината на далечинскиот управувач содржи на себе најмногу бактерии и бацили во модерниот дом. Па, само сетете на овие информации кога следниот пат грицкате нешто пред телевизорот додека менувате канали на управувачот.
Прекидачите за светло
Да, еден од најгнасните делови на станот се прекидачите за светло во нашите простории, а ретко кога ни текнува да ги исчистиме. Затоа, еднаш неделно средство за дезинфекција и крпата в раце и ќе бидете мирни!
Ѕидот позади корпата за ѓубре
Кога ѓубрето паѓа покрај корпата, го чистите подот, а кога ситните честици ќе одлетаат на ѕидот? Дамките и ситните парчиња ѓубре на ѕидот нека не бидат украс на вашата кујна.
Внатрешноста на корпата за ѓубре
Секако дека не треба да ја чистите корпата секој пат кога ја фрлате ќесата со ѓубре, но еднаш неделно нека ви стане навика убаво да ја исчистите со средство за дезинфекција и врела вода.
Чешлите и четките за коса
Просечното време на траење на четките и чешлите за коса е една до три години. Со цел да осигурате чист прибор, рачно отстранете ги остатоците од косата после секоја употреба, а еднаш месечно исперете ги чешлите и четките со благ шампон и оставете да се исушат преку ноќ.
Машината за перење
Иако е постојано во употреба со детергент и вода, машината за алишта исто така бара посебно перење. Најдобар и наједноставен начин е да го подесите на програм со најтопла вода и наместо детергент употребете вински оцет кој ќе го отстрани бигорот.
Сијалиците
Во текот на чистењето сигурно ќе поминете со крпа преку ламбите и лустерот, но ги запоставувате самите сијалици. Собирањето прашина доведува до поголема можност за запалување, па секако немојте да го игнорирате чистењето на сијалиците.
Извор: stil.kurir.rs
Крај