Која е разликата помеѓу белите и кафеавите јајца?
Јајцата не се само главно јадење, туку исто така и важна состојка за соединување на останатите при подготовка на многу различни рецепти. Секако, луѓето сакаат да ги јадат најздравите јајца, особено затоа што ги консумираат многу често. Ова доведува до дебата дали кафеавите јајца се подобри од белите или обратно.
Па, во прилог прочитајте кои се разликите помеѓу нив:
Од што зависи бојата?
Бојата на јајцата зависи само од расата на кокошката која што ги несе и од нивната генетика. Како општо правило, бојата на ушните лобуси на кокошката кажува каква боја на јајца несат: кокошките со бели ушни лобуси обично несат бели јајца, додека кокошките со црвени ушни лобуси несат кафеави јајца.
Додека бели и кафеави се двете најчести видови на јајца што можат да се најдат во продажба, постојат некои поретки раси на кокошки кои несат различни бои. На пример, кокошките од расата Ameraucana несат сини јајца, додека Olive Eggerа несат зелени јајца.
Кои се кршат полесно?
За жал, не постои начин да се утврди колку е лесно јајцето да се скрши врз основа на неговата боја. И кафеавите и белите јајца имаат иста дебелина, со потенка лушпа доколку се од постари кокошки или со подебела лушпа ако се од помлади кокошки.
Дали има разлика во вкусот?
Кафеавите и белите јајца имаат речиси идентичен вкус. Најголемото нешто што влијае на вкусот на јајцата е храната со која што кокошките се хранети. Нема да забележите разлика во вкусот помеѓу кафеаво и бело јајце ако кокошките се хранети со истата храна.
Кои се поздрави за јадење?
Кафеавите и белите јајца ги имаат истите хранливи материи. Кафеавите јајца може да содржат повеќе омега-3 масни киселини од белите јајца, но оваа разлика е многу мала.
Бојата на јајцето не влијае на нејзината хранлива вредност, колку што на тоа влијае исхраната на кокошките.
Ако сакате да јадете здрави јајца, тогаш најдобро е да купите органски од некој локален производител.
Крај