Која е разликата помеѓу зелените, црвените и жолтите пиперки?
Незаменлив дел од салатите и еден од неколкуте зеленчуци кои се вкусни да се јадат сурови – пиперките се главен дел од секоја кујна во домот. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто ги има во толку многу бои и која е всушност разликата помеѓу нив?
Тоа не е прашање на пигментна дискриминација: црвените и жолтите пиперки се всушност зелени пиперки кои биле оставени да созреат. Црвените и жолтите пиперки се потполно созреани и тие бараат повеќе време за растење, што резултира со посладок вкус, но и со повисока цена. Од друга страна, бидејќи зелените пиперки можат порано да се собираат, тие се поефтини и имаат заштитен тревен вкус.
Како што созреваат, пиперките исто така варираат и во содржината на хранливи материи. Далеку од тоа дека зелените пиперки не се здрави за јадење, но нивните зрели и постари браќа и сестри содржат околу два пати повеќе витамин Ц и речиси девет пати повеќе бета-каротин.
Крај