Ова се 4 главни разлики во спиењето меѓу мажите и жените
Вие и вашиот сопруг сте слични на многу начини: двајцата сакате добра храна, пешачење и филмови. Но, додека вас ви е потребен добар сон и веќе во 11 часот навечер сте преморени и сакате да спиете, тој може да остане до 3 часот наутро и да се разбуди рано чувствувајќи се свежо и наспано. Зошто е тоа така? Всушност, постојат 4 главни биолошки разлики во начинот на спиење на мажите и жените.
1. Жените имаат потреба повеќе да спијат од мажите
Жените генерално се повеќе вешти во мултитаскинг отколку мажите. Но, сета сила на мозокот значи дека жените имаат потреба од повеќе сон, затоа што на мозокот му е потребно да се опорави од сета работа. Можеби ќе се запрашате колку повеќе? – Според експертите се работи за разлика од 20-тина минути.
2. Жените легнуваат да спијат порано
И исто така имаат тенденција да се разбудат порано. Ова е предизвикано од разликите во циркадниот ритам, кој во основа е 24-часовен внатрешен часовник кој работи во позадина на вашиот мозок и се движи меѓу поспаност и будност во редовни интервали. Жените имаат циркадни циклуси, кои во просек се 6 минути пократки. Поради оваа разлика тие обично заспиваат и се будат порано.
3. Несоницата се јавува почесто кај жените
Апнејата пак, е почеста кај мажите. Околу 4% од мажите имаат апнеја во споредба со околу 2% од жените. Жените имаат поголема веројатност да страдаат од несоницата отколку мажите.
4. Жените спијат поцврсто од мажите
Спиењето на жените е обично попродуктивно отколку она на мажите. Според една студијата, жените кои немаат проблеми со спиењето, со текот на годините добиваат поквалитетен сон, а спиењето на младите жени е поотпорно на надворешни влијанија.
Извор: purewow
Крај