Најлесниот рецепт за браунис без брашно
Богатиот и истовремено лесен чоколаден вкус, ќе ве направи да се вљубите во овој рецепт. Без разлика дали сте почетник во кујната или со долго искуство во готвењето, овој рецепт за браунис е толку едноставен и лесен што секој ќе успее да го направи без грешка!
Состојки:
– 5 јајца
– 250 гр квалитетна темна чоколада
– 1 лажичка прашок за печиво
Подготовка:
1. Јајцата се ставаат во сад за матење и се матат со миксер 5-6 минути додека не се добие цврста пенеста смеса.
2. Потоа се додава прашокот за печиво и кратко се меша со миксерот.
3. На крај се додава претходно растопената чоколада на пареа и се меша со шпатула додека состојките не се соединат.
4. Смесата се става во тава обложена со хартија за печење и се пече 20-тина минути на 180 степени.
5. Откако ќе се испече се остава 30 минути на собна температура.
Крај