Еве како да подготвите совршен ориз кој нема да ви се залепи
Ако ви е смачено од леплив ориз, недоволно сварен ориз или сув и преварен ориз ние ја имаме вистинската техника за секогаш да го зготвите совршено.
Следете ги овие чекори:
1. Ставете вода да се свари и додадете сол. За секоја чаша ориз, користете 1¾ чаши вода. Водата ставете ја во големо тенџере со капак и доведете ја до вриење. Измешајте 1 лажичка сол во водата.
2. Во водата која врие додадете го оризот.
3. Измешајте со лажица еднаш или додека не се одделат зрната ориз. Користете дрвена лажица за да ги одделите сите купчиња. Не претерувајте со мешање: тоа може да предизвика оризот да стане леплив.
4. Покријте го тенџерето со капакот и оставете го оризот да се вари околу 18 минути. Намалете ја температурата на шпоретот на најниско ниво. Потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете го оризот покриен уште 5 минути.
5. Непосредно пред сервирање, нежно измешајте го оризот со вилушка за да ги разделите зрнцата.
Извор: realsimple
Крај