Рецепти за кајгана со тајна состојка на која не сте се сетиле
Јајцата подготвени на ваков начин или ги сакате или не ги сакате, се зависи од начинот на подготовка. Ако не го знаете најдобриот начин да ги измешате јајцата, ризикувате да послужите чинија со сува, гумена и бесвкусна мешавина. Со мала помош од неколку тајни состојки, можете да ја усовршите подготовката на кајгана. Секој од овие рецепти има тајна состојка што никогаш не би ја погодиле самите. Сега откако ги знаете овие тајни никогаш нема да подготвите кајгана на ист начин.
Сок од портокал
Сигурно никогаш не сте помислиле да ставите сок од портокал во кајганата, но тој им дава на јајцата совршена нота на блажина и леснина. Неколку капки сок од портокал нема воопшто да влијаат на вкусот на кајганата, но ќе и го дадат токму она што е потребно.
Пченкарно брашно
Пченкарното брашно дава густина и изненадувачки добро се вклопува во кајганата. Додадете малку пченкарно брашно во мешавината од изматени јајца и млеко, за да ја згуснете смесата и да ја подготвите побрзо од вообичаено, со што ќе добиете кремаста и сочна кајгана.
Замрзнат путер
За да подготвите кремаста кајгана, потребно е замрзнатото парче путер да го изрендате во чинијата во која се наоѓаат изматените јајца со млеко. На овој начин путерот подеднакво ќе се распредели и постепено ќе се топи како што се промешуваат јајцата. Се става 1 лажица путер на 1 јаце.
Полномасно млеко
Една од најчестите “тајни” состојки во кајганата е полномасното млеко кое ги згуснува јајцата и ќе добиете малку поголема количина, па затоа е идеално кога готвите за повеќе лица. Се става 1 лажица млеко на 1 јајце.
Извор: popsugar
Крај