Ризиците од носење на високи потпетици
Секоја жена сака да носи потпетици не само за да изгледа повисоко, туку затоа што тие го акцентираат секој стајлинг. Но, повеќето жени всушност издржуваат многу болка за да изгледаат прекрасно. Вистината за ова е многу горчлива во однос на долгорочното здравје. Носењето потпетици подолго време, предизвикува структурни промени на стапалото и многу пати може да забележите еден вид деформација што во основа произлегува од носење погрешна големина на чевли.
Време е да ги знаете овие 5 здравствени ризици од постојано носење потпетици и внимателно да изберете чевли кои ќе им бидат најудобни на вашите нозе:
Болка во долниот дел од грбот
Има многу жени со професии каде носењето потпетици е задолжително и од нив се очекува да работат во стоечка положба. Многу истражувачи откриле дека жените кои имаат вакви работни места имаат тенденција да страдаат од хронична болка во грбот. Тоа е затоа што кога тие носат потпетици и стојат подолго време, потпетиците предизвикуваат нивната карлица да оди нанапред. Тоа за возврат дава огромен притисок врз долниот дел од грбот што резултира со остра болка, која на долг рок може да претставува сериозен проблем.
Болки во зглобовите
Кога носите потпетици, основната цел да се стои рамно на стапалата е изгубена. Поради ова тежината на телото не е рамномерно распоредена на стапалата и колената го носат товарот на телото кога се движите. Покрај тоа, носењето потпетици ги ограничува вашите движења, па телото е постојано право без виткања или природни движења. Ова постепено може да предизвика сериозни болки во колената и исто така може да се развие артритис.
Плускавци
Во ред е да сакате понекогаш да носите високи потпетици, но ако сте манијак за потпетици, тогаш мора да бидете подготвени да видите и обезличена нога. Кога ќе ги притиснете нозете во чевли кои се тесни за вас или во чевли кои имаат посебен дизајн, што предизвикува вашите нозе да земат неприродни облици, тогаш тие можат да создадат притисок на прстите и на страните на стапалата. Циркулацијата на крвта може да се прекине. Откако ќе ги носите подолго време, ќе бидете сведоци на тоа дека кожата на стапалата станува груба и се појавуваат плускавци. Носењето такви чевли во зима ќе ве засрами во текот на летото, кога ќе мора да носите сандали.
Нокти кои растат навнатре
Ноктите на стапалата страдаат од голема болка и непријатност внатрешно и надворешно, кога носите потпетици. Повеќето чевли или сандали со петица имаат дизајн кој има тенденција да го притисне најголемиот и најмалиот нокт. Тие интензивно се притискаат што се должи на лизгачкиот дизајн на потпетиците. Овој притисок ги тера ноктите да ја пробијат кожата и да растат навнатре што е многу болно и за ова е потрен медицински третман.
Скратена ахилова тетива
Не многумина знаат за скратената ахилова тетива, но тоа го искусиле на своја кожа жените кои секојдневно носат високи потпетици. Медицинските студии покажуваат дека жените кои носат потпетици подолго време во својот живот, имаат тенденција да го имаат ова нарушување. Тоа е затоа што тие ги држат нозете во коса позиција, a oва го менува позиционирањето на мускулите и тетивите околу глуждовите. Па, кога одите боси или кога носите рамни чевли ако чувствувате силна болка и чувство на преголема истегнатост на мускулите, тогаш и вие го имате овој проблем!
Крај