Ризикот од меланом е зголемен ако имате повеќе бемки
Меланомот (или ракот на кожата) кај мажите најчесто се јавува на грбот, додека кај жените во долните екстремитети. Појавата на пигментација или промена на обликот, бојата и големината на бемката е сомнителна и бара лекарско испитување.
Иако меланомот најчесто се јавува кај луѓе на возраст помеѓу 60 и 69 години, жените преовладуваат во помладите возрасни групи до 30 години. Причината може да се најде во фактот дека жените почесто се изложени на УВ зраците (природни или во солариум).
Сепак, се бележи зголемување и кај децата и адолесцентите. Ризично однесување кое може да доведе до болест е претераното изложување на кожата на природното УВ зрачење, но не смееме да заборавиме и на вештачкото УВ зрачење (солариумот).
Зголемен ризик од појава на меланом имаат луѓето со светла кожа, црвенокосите луѓе, луѓето со голем број на бемки или диспластични бемки. Зголемен ризик имаат и оние кои веќе имаат некој вид на рак на кожата или оние кои имаат близок член од семејството кој има меланом. Исто така, поголем ризик од појава има и кај луѓето кои работат на отворено, како што се земјоделците, келнерите во летните месеци, туристичките водичи итн.
Затоа секој треба да се придржува до советите од стручњаците, кога станува збор за изложувањето на сонце. Со текот на годините, оштетувањата на кожата предизвикани од УВ зраците само се зголемуваат. Ограничени се можностите да се поправат тие оштетувања и тоа се прави само до одреден степен.
Извор: 24sata.hr
Крај