Што значи да се биде родител од новиот милениум?
Во 2017 година, милениумците (оние родени помеѓу 1981 и 1997 година) сочинуваа 90% од новите родители на светско ниво.
Точно е дека милениумците чекаа подолго од претходните генерации за да имаат деца, но тие сепак го направија тоа главен приоритет во нивните животи. Денешните жени чекаат подолго време за да имаат дете, пред се поради кариера и финансиски причини. Па така, милениумските жени во 2010 година оценија дека главен приоритет за нив е да бидат “добари родители” и тие се уверени во своите способности да се грижат за децата – дури и повеќе од претходните генерации. Дополнително, тие сакаат да се забавуваат од фактот што се родители и гледаат на родителството како награда многу повеќе отколку постарите генерации.
Па, што значи да се биде родител од новиот милениум?
- Излегуваат надвор
Родителите од овие генерации се израснати играјќи надвор секој ден. За нив зајдисонцето беше крај на играта и мораа да се вратат дома пред целосно да се стемни. И тоа е она што тие сакаат да им го понудат на нивните деца. Се трудат да ја ограничат употребата на технологијата во домот и да им дадат пример на нивните деца. Сакаат да им покажат на децата дека можат да се забавуваат и без играње на видео игри или гледање телевизија.
- Повеќе расудуваат отколку нивните родители
Родителите од новиот милениум се навикнати да најдат и да купат сѐ што им треба со притискање на само едно копче. И нивните деца го знаат тоа многу добро!
Родителите од претходните генерации навистина не можеа да ја исполнат секоја желба на нивните деца, бидејќи многу често тоа и не беше возможно. Иако денес родителите можат да им купат сѐ што ќе им падне на памет на нивните деца, тие не го прават тоа. Ова е единствениот начин да ги научат на доблест, трпеливост и иако овие деца имаат многу повеќе поволности отколку нивните родители мора да ги научат и да ги ценат вредноста и трудот.
- Имаат самосвест
Секој живее во својата реалност и се труди да ги осознае родителските стилови. Милениумските родители прават синтеза од грешките на своите родители, но исто така присвојуваат и древни и модерни идеи и техники.
Родителството е процес на обиди и грешки, но вие учите од тие грешки и тие се најважните лекции за вас без оглед на тоа колку книги сте прочитале или колку совети сте добиле.
Самосвесните родители кои знаат дека ќе направат грешки без оглед на сѐ, се помалку склони кон самозаштита и исто така се помалку склони да дејствуваат на одмазднички начин кон своите деца.
- Имаат секаква технологија на располагање, но ја игнорираат
За разлика од почетокот на технолошките пронајдоци со кои за прв пат се сретнале нивните родители и биле воодушевени од сето тоа, милениумците знаат дека со претерана употреба на технологија можат да пропуштат многу мали, но значајни работи кај нивните деца. Тие се опкружени со компјутери, таблети, телефони итн. на работното место и затоа во домот сакаат нивната употреба да ја сведат на минимум.
- Сите совети ги примаат со доза на недоверливост
Во денешно време, растењето деца е навистина тешко. Ние сме буквално бомбардирани со конфликтни и контрадикторни информации и сите наши избори се разгледуваат и осудуваат. Ако читате книга, ако разговарате со вашите пријателки или ако сакате да најдете некоја информација на форумите за која било тема, ќе завршите повеќе збунети околу тоа што ве мачи отколку на почетокот.
Крај