Како родителите можат да ви ја уништат врската со партнерот?
Кога станува збор за врска, постојат многу работи кои можат да тргнат наопаку. Но, понекогаш проблемите не настануваат поради вас и вашите постапки, туку поради родителите. Без разлика дали станува збор за вашите родители или родителите на партнерот, доколку им дозволите тие ќе најдат начин да се мешаат таму каде што не треба и да ви ја уништат врската.
Затоа обрнете внимание на неколку работи, доколку сакате да ја ‘’спасите’’ врската од влијанието на родителите.
Родителите го поставуваат моделот за љубовта
Родителите ја обликуваат идната љубов на нивните деца од самиот почеток. Начинот на кој детето расте и средината во која расте влијаат на начинот на кој подоцна ќе ја гледа, чувствува и дарува љубовта. Сите ние учиме за љубовта од нашите родители. Без разлика дали го следиме моделот на љубов што нашите родители ни ги наметнале или се оддалечуваме од него, тоа е сепак модел врз кој ги засноваме нашите претпоставки за љубовта. Но, внимавајте: не можете да го промените влијанието кое родителите го имале врз вас како дете, но можете да бидете свесни за тоа и да одлучите како ќе дејствувате како возрасни за да одржите здрава и силна врска.
Родителите ги преминуваат границите на разумна комуникација
Главниот начин на кој родителите се мешаат во врската на своите деца е преку преминување на границите на комуникација, односно директно го прашуваат партнерот на своето дете за тоа каков е нивниот однос и нивните планови за иднина. За сите прашања и грижи кои ги имаат околу врската на својот син или ќерка, треба директно да разговараат за тоа со нив, а не со нивниот партнер. Некои родители одат до таму што ги вмешуваат и останатите деца со цел тие да го убедат својот брат или сестра да ја прекинат врската која родителите не ја одобруваат.
Иако е сосема нормално за родителот да му даде совет на детето, не е во ред да оди понатаму и да ги преминува разумните граници. Романтичната врска е за луѓето кои се во таа врска, а не за нивните родители.
Ако сметате дека родителите на вашиот партнер премногу се присутни во вашата врска, не плашете се да разговарате со него за тоа.
Ги наметнуваат семејните очекувања и размислувања на партнерот
Ако вашиот партнер е израснат и воспитуван на различен начин од вас, или ако родителите се многу строги во врска со нивниот семеен живот и очекувања, вашата врска може да биде осудена уште од самиот почеток. Многу често, за родителите е проблем нивното дете да биде во врска со некој кој припаѓа на друга социоекономска класа, раса или религија. Сепак, тоа не значи дека меѓукултурните односи не можат да успеат. Но, во секој случај, ако семејството на вашиот партнер не ве прифаќа, бидете сигурни дека тоа често ќе му го спомнуваат. Прашањето е: дали можете да се справите со тоа?
Ги оптоваруваат децата со своите проблеми
Кога родителите имаат брачни проблеми, на многу начини тоа може да влијае и врз децата, вклучувајќи ги и нивните романтични врски. Гледањето како еден брак се распаѓа може да и даде на личноста циничен поглед и на сопствениот љубовен живот. А советот од родителот: ‘’Треба да ги избегнуваш луѓето како татко ти/мајка ти’’ може да наметне стереотип врз детето.
Родителите треба сами да се справат со своите проблеми и да не споделуваат премногу пред своите деца – ова не се однесува само за брачните проблеми!
Кога се случуваат вакви работи, вашиот партнер мора да биде способен да пронајде начин и рамнотежа во својот живот и да не дозволи проблемите од родителите да влијаат и на вас. Тоа не значи дека треба да го напушти своето семејство, но мора да направи разлика помеѓу врската на родителите и сопствената врска. Само затоа што родителите се дисфункционални, не значи дека и вашата врска треба да биде.
Ве манипулираат со пари
Парите можат да бидат огромен фактор во една врска. Доколку партнерот не заработува доволно и не може финансиски сам да се издржува тоа може да направи голем притисок на врската. Но, парите исто така можат да предизвикаат проблеми во вашата врска и ако доаѓаат од родителите. Ако родителите на вашиот партнер пoстојано му даваат пари, тие можат да имаат контрола врз вашата врска и на други начини. Па, фразата:” Додека јас ве издржувам , мора да го правите ова” – е многу честа.
Најбрзо и најдобро решение за овој проблем е да се најде начин за адекватно да се издржувате себеси без родителска помош. Самоодржливоста е клучна за секоја врска.
Што да направите?
Препознавањето на овие проблеми е само половина од битката. Она што навистина е важно е како вие како двојка го справувате со нив. Решението за кое било од овие прашања е двајцата партнери да научат да бидат поодговорни и посамостојни.
Крај