Работи кои родителот никогаш не треба да му ги каже на детето
Колку и да ги сакате, децата понекогаш знаат да ве изнервираат. Но, без оглед на нивната возраст, постои вистински начин да се разговара со нив за овие работи и постои погрешен начин. Родителите често избираат погрешни зборови и дури не сфаќаат колку штета прават.
Значи, овие фразите секој родител треба да ги избегнува по секоја цена:
Не претерувајте со задевањето
Можеби сте еден од оние луѓе кои имаат саркастично чувство за хумор. Повеќето од нас ги задеваат луѓето на пријателски начин за да се смеат. Но, вашите деца не се ваши врсници! Преголемото задевање може да има спротивен ефект од она што била првично ваша намера. Дури и ако родителите мислат дека се шегуваат, детето може тоа воопшто да не го дожува како шега. Секогаш кога разговарате со вашите деца, важно е да запомнете дека тие се ранливи на вас. Ако ги исмевате, дури и на шега, децата тоа можат да го доживеат како легитимна критика и да се вознемират или навредат.
Ме полудуваш!
Веројатно не постои ниту една личност на планетава која не ја изговорила оваа фраза, но кога родителите го кажуваат тоа на своите деца, тоа може да биде прилично катастрофално. Вашето дете не сака да се почувствува како личност која ве вознемирува или ве измачува. Дури и ако тие не ве слушаат или се противат на нешто, мора да бидете внимателни како ќе им го кажете тоа. Без оглед на тоа што прават децата во моментот, на крајот од денот тие сакаат да ги задоволат нивните родители. Чувството дека нивните родители не се грижат за нив, може да предизвика долготрајна повреда.
Коментари за нивната тежина
Ако вашето дете има прекумерна тежина, треба да и пристапите на таа тема со голема чувствителност. Тоа што ќе му го кажете на детето за неговото тело, ќе го запомни и тие зборови може да предизвикаат трајни последици кај него. Можеби мислите дека зборовите се само зборови, но децата се чувствителни и секој ваш збор го сфаќаат буквално. Со негативното коментирање за телесната тежина, вашето дете може да создаде негативна слика за себе, која би можела дури и да доведе до нарушувања во исхраната.
Зошто не се откажеш?
Родителите треба секогаш да им бидат поддршка на нивните деца. Меѓутоа, кога некои родители сметаат дека нивното дете има премногу тешкотии со нешто или има нереални очекувања, тие мислат дека одвраќањето на нивното дете од можниот неуспех е најдобрата опција. Во реалноста, да му кажете на вашето дете само да се откаже е една од најлошите работи што можете да му ја кажете. Родителите треба да ги поттикнуваат децата да издржат и да се трудат повеќе. Ако не успеат, ќе научат важна лекција од тој неуспех. На крајот на краиштата, неуспехот е нешто со кое сите мораме да се соочиме во одреден момент.
Никогаш нема да постигнеш нешто во животот
Тешко е да се замисли саканиот родител да ја изговори оваа фраза, но некои родители се разочарани до тој степен што допуштаат вакво нешто да им се испушти. Кога родителите го изговараат овој непотребен коментар, тоа може да биде катастрофално. Ако детето се бори со оценките или со начинот на однесување, притисокот врз него со закани за безвредност е најмалку корисен потег. Тоа само ќе го направи детето помалку подготвено да се промени или да се подобри, а можеби дури и повеќе ќе сака да му пркоси на својот родител. Со оваа фраза ќе постигнете само спротивен ефект и ќе го спречите секој обид на детето за напредок.
Не треба да се чувствуваш така
Оваа фраза е честа појава дури и кај возрасните. Можеби мислите дека е корисно да се каже ова, но всушност со оваа фраза само покажувате дека не ви е гајле за чувствата на другиот. Со ова само се учат децата да ги поништат своите чувства. Ако родителот му го каже ова на своето дете, она што во суштина се пренесува е дека емотивниот одговор на детето е погрешен или дека треба да ги потиснува и да не ги искажува чувствата. Таа идеја останува со нив и во зрелоста и може да предизвика големи проблеми во нивните односи. Наместо да ги отфрлите чувствата на вашето дете, треба да им помогнете да се справат со нив.
Начинот на кој родителот комуницира со своето дете е од клучно значење за развојот на детето. Децата учат од своите родители, а ако тоа што го покажува родителот е негативно, тие ќе одговарат на ист начин. Родителите треба да запомнат дека тие се оние кои ги обликуваат и ги водат своите деца. Тоа што родителот го кажува и го прави додека детето расте, може да остави трајни последици и да има влијание кај него подоцна во животот.
Крај