Рози од карамели за торти или колачи
Овие рози, направени од карамели изгледаат убаво, а се многу лесни за правење! Ќе и дадат убав финиш на секоја торта или колачи или едноставно можете да ги искористите како декорација за вашите прослави.
За нивна подготовка ќе ви бидат потребни:
– карамели
– стапчиња за ражничи
– чаша
– хартија за печење
1 чекор: Омекнете ги карамелите
Извадете ја паковката во која карамелите се завиткани и ставете ги во микробранова 5 секунди. Треба само да омекнат а не да се печат! Ќе ви бидат потребни 6-9 карамели за една роза, во зависност од тоа колку голема сакате да биде. Карамелите ќе останат меки 15-тина минути. Ако се стврднат само вратете ги во микробранова уште 5 секунди.
2 чекор: Формирајте топчиња од карамелите
Со помош на рацете, карамелите обликувајте ги во топчиња. Потоа секое топче поставете го помеѓу две парчиња хартија и притиснете со дното на чашата. Треба да добиете големина од метална паричка.
3 чекор: Формирајте ги ливчињата
Со помош на прстите продолжете да ја развлекувате и притискате карамелата. Колку формата е понеправилна, толку поралистично ќе изгледаат розите.
4 чекор: Започнете со формирање на розата
Земете едно стапче и поставете го првото ливче околу него. Притиснете го долниот дел, за да ја прицврстите розата на стапчето. Потоа продолжете со останатите ливчиња, постојано прицврстувајќи ги во долниот дел.
Извор: ehow.com
Крај