Садовите за мерење течности кои се користат во кујната не се точни
Поранешен софтверски инжeнер на Google и Facebook ја искористил љубовта кон готвењето и математиката за да создаде иновативен производ кој ќе ни биде од голема помош во кујната.
Новата чаша за мерење течности Euclid значително го подобрува процесот на печење и готвење бидејќи има математички оптимален облик.
Поради кружниот облик на регуларните чаши за мерка настануваат поголеми грешки кога мериме помала количина на течности. Euclid е обликувана на тој начин што односот помеѓу површината и волуменот останува ист, без разлика колку големо или мало количество мерите. Чашата е изработена од пластика без BPA и може да се мие во машина за садови.
Па, следниот пат кога ќе решите да подготвите некое вкусно печиво, потпрете се на Euclid, чашата која несомнено ќе ви стане најдобриот помошник во вашата кујна.
Извор: mashable
Крај