Совршен летен оброк: Салата за слабеење после која нема да останете гладни!
Ако сакате да изгубите неколку килограми, а притоа да се храните здраво и да не гладувате, испробајте ја оваа одлична летна салата.
Летото е идеално годишно време за слабеење. Во овој период, изборот на зеленчук е навистина голем па токму затоа е вистински момент да го искористите богатството од намирници кои се нудат на пазарот.
Состојки:
- 50 гр киноа
- пилешки гради
- неколку листови кељ (поголеми)
- неколку листови свежа зелка (поголеми)
- 3 моркови средна големина
- 1 свежа пиперка
- 4 лажички маслиново масло
- 4 лажички оцет
- 1 лажичка сенф
- сол и бибер по вкус
- сецкани јаткасти плодови (ореви, лешници или бадеми)
Подготовка:
- Киноата сварете ја според упатството, оставете да се олади и потоа ставете ја во садот во кој ќе ја подготвувате салатата.
- Пилешките гради исецкајте ги на помали парчиња и испечете ги со малку масло. Кога месото ќе биде готово, извадете го и ставете го во садот за салата. На остатокот од маснотијата од печењето на пилешките гради кратко пропржете го морковот исецкан на тенки кругови.
- Исецкајте ги кељот, зелката и свежата пиперка и додајте ги во останатите намирници.
- Подгответе прелив од масло, оцет, сенф, бибер и сол. Додајте една рака сецкани јаткасти плодови. Прелијте го врз салатата и добро измешајте.
Дополнителен совет:
Месото можете да го замените со риба. Добар избор меѓу другото се, лосос или туна. Наместо киноа можете да користите кус-кус или спелта.
Во салатата можете да додадете и домати, свежи краставици, тиквички, млад грашок или друг сезонски летен зеленчук по ваша желба.
Извор: stil.kurir.rs
Крај