Во овој фризерски салон, користат Нутела за боење на косата и ефектот е неверојатен!
Резултатот од обојувањето со овој чоколаден деликатес на жените со плава коса е навистина фантастичен – косата добива една убава и помалку необична нијанса, а бојата трае две до три недели, па и повеќе…
Во фризерскиот салон “Abed & SAMA” во Обединетите Арапски Емирати во Дубаи, Нутелата е главна ѕвезда меѓу боите за коса, а жените “лудуваат” по неа. Колку е бојата трајна, објаснува самиот стилист кој косата на клиентките им ја обојува на овој начин.
– Тоа зависи од косата. Ако сакате светла боја карамела, тогаш може да трае две до три недели. Но, ако сакате потемна нијанса и сте спремни чоколадниот намаз да го држите подолго време на косата, тогаш и бојата ќе трае подолго – истакнува стилистот, а пренесува Mirror.
Исто така, додал и дека Нутелата е добра за косата независно од бојата, бидејќи ја прави посјајна.
Постапка:
Нутелата се премачкува на влажна коса
На косата се става и кокосово млеко (како регенератор)
Се остава да отстои некое време
Стилистот покажа како изгледа обојувањето со овој чоколаден деликатес на жена со плава коса и резултатот е навистина фантастичен – косата добива една убава и необична нијанса. Видеото го објави блогерката Huda Kattan, на својот профил на Инстаграм..
Погледнете како изгледа:
Извор: 24sata.hr
Крај