Сѐ што треба да и кажете на вашата ќерка пред да добие прва менструација
Какво беше вашето искуство? Дали бевте шокирани, возбудени или исплашени? Дали споделивте веднаш со некој и разговаравте за тоа? Дури и во денешното модерно општество на постојано споделување на различни информации во јавноста, менструацијата се уште се смета за непријатна тема – нешто за кое треба да се разговара приватно.
Па, знаењето е моќ, дами! Ако не можете да им помогнете на девојките од целиот свет да се чувствуваат сигурни и подготвени за пубертетот, направете го тоа барем за вашата ќерка. Најдобар начин да ја научите да го сака и да го почитува сопственото тело додека влегува во пубертетот, е да биде подготвена за сите промени кои ќе следуваат.
Менструалниот циклус е нормален
И покрај тоа што може да изгледа одбивно, чудно или страшно, ставете и до знаење на својата ќерка дека секоја возрасна жена го поминала и го преживеала пубертетот. Споделете ги вашите сопствени искуства, особено личните стравови за промените кои ги носи пубертетот.
Таа може да биде подготвена, ако знае што треба да очекува
Вашата ќерка треба да знае кои се знаците и симптомите на пубертетот уште пред да почне да ги доживува, за да не чувствува вознемиреност околу тоа дали таа или нејзиното тело се “нормални”. Тоа значи дека треба да разговарате со вашата ќерка уште пред да помислите дека е време. Денес, во просек, девојките ја добиваат првата менструација на 12-годишна возраст, но пубертетот, со сета своја слава, може да започне уште на 8 години. Затоа, не чекајте да се случи за да разговарате на таа тема.
Општи знаци на пубертет
Појавата на влакна по телото, брзиот раст и промените во расположението, се главните знаци за влегување во пубертет кај девојчињата. Но постојат и многу хормонални промени кои треба да се очекуваат: непријатен мирис на телото, растење на градите, појава на акни, сексуални мисли, чувства итн.
Кои производи може да ги употребува
Ако таа знае како да се справи со нејзиниот менструален циклус, кога ќе го добие, ќе се чувствува подготвена наместо исплашена. Посочете и некои од производите што вие ги употребувате и разговарајте за секој од нив, за да знае дека може да го избере она што најмногу ќе и одговара. Дозволете и да задржи дел од вашите производи во својата соба или шкафче, за да се чувствува сигурно кога и да дојде тој момент.
Хигиена
Вашата ќерка може да биде целосно неподготвена и незаинтересирана да разговара за одржување на интимната хигиената и отстранување на несаканите влакна. Во тој случај можете само да и кажете дека сте секогаш тука за неа ако сака да дознае повеќе за пубертетот и за промените кои ќе се случуваат. Кога таа ќе биде подготвена за разговор, пристапете и на темата со чувствителност. Можете исто така да разговарате со неа за дезодоранси и специјални сапуни за акни.
Менструалните циклуси не се страшни како што можеби изгледаат
Кажете ѝ ја вистината на вашата ќерка: да, секој месец ќе крвари по неколку денови, но не затоа што е повредена! Всушност, тоа често значи дека се е во ред со нејзиниот репродуктивен систем. Прашајте ја како се чувствува околу тоа и нека знае дека не постои вистински или погрешен начин да се чувствува околу сложениот процес на пубертетот.
Крај