7 видови штетна храна што често им ја даваме на нашите деца
Многу деца прерано почнуваат да јадат храна која содржи многу шеќер. Ова предизвикува намалување на сензитивноста на сетилото за вкус кај децата, па нормалната храна не им е повеќе привлечна. Исто така, поради психолошките карактеристики на нивното тело, децата не треба да конзумираат одреден вид храна.
Во прилог ви откриваме како да го научите вашето дете да јаде здрава храна и која навидум здрава храна децата не треба воопшто да ја конзумираат.
1. Џус
Џусевите се популарни кај децата на различна возраст. Тие се многу практични и ги има во светли привлечни пакувања. Но, тука е местото каде што предностите на пакуваните сокови завршуваат. Чаша сок содржи 5-6 лажички шеќер. Растворениот шеќер веднаш се апсорбира во крвотокот, што е штетно за метаболизмот на јаглехидратите.
Педијатрите препорачуваат овошјето да се конзумира свежо, а не во облик на сок. Благодарение на влакната во овошјето, сокот се апсорбира постепено. Исто така, можете да се обидете на вашите деца да им дадете свежо исцеден сок од портокал или смуди.
2. Јогурт
За да изберете здрав јогурт, морате да прочитате кои состојки ги содржи. Прво, не купувајте ги најопасните производи од јогурт кои не се чуваат во фрижидери, туку се наредени на полиците во маркетите. Второ, купувајте природни јогурти наместо овошни.
Овошните јогурти содржат многу шеќер, маснотии и калории кои доведуваат до зголемена тежина кај децата и го зголемуваат ризикот од појава на дијабетес.
3. Житарици
Снегулките, муслите и други слични производи изгледаат многу здраво на рекламите во кои се истакнува дека содржат многу витамини и минерали. Всушност, овој вид на храна не содржи никакви здрави состојки. Но затоа содржи многу шеќер. Сите хранливи состојки на пченката, пченицата и овесот се отстрануваат во текот на производството и остануваат само јаглехидратите.
Со овој вид храна многу е тешко детето да се засити, па затоа само неколку часови подоцна тоа е повторно гладно. Добра замена во овој случај е овесната каша. Можете да додадете овошје и јаткасти плодови за да ја направите попривлечна за децата.
4. Мед
Децата помали од 2 години не смеат да конзумираат мед. Причината за тоа не е само можноста за појава на алергиска реакција, туку понекогаш медот содржи бактерии кои можат да доведат до сериозна заразна болест наречена ботулизам.
5. Грозје
Грозјето содржи витамини и минерали кои им се потребни на децата. Но постои причина зошто децата не смеат да го јадат, зрната грозје се големи и лизгави и мало дете лесно може да се задуши. Исто така, дигестивниот систем кај децата многу потешко го обработува грозјето.
6. Мултивитамини за деца
Витамините се прилично контроверзна тема. Работата е во тоа што родителите често се потпираат на нивното знаење и искуство наместо да се консултираат со експерт, што е погрешно и може да биде и опасно. Без разлика колку безопасно изгледаат витамините, тие треба да бидат препишани од доктор. Децата треба да ги внесуваат потребните витамини преку храна, и не е потребно да им се даваат било какви суплементи.
7. Милкшејкови
Соочен со избор помеѓу газиран сок и милкшејк, секој родител најверојатно би го избрал милкшејкот. Но, тој е исто толку опасен како и газираните сокови и содржи многу маснотии и шеќер.
Според најновите истражувања, редовното конзумирање на ваков напиток може да доведе до развој на кардиоваскуларни болести. Овој продукт е опасен дури и за возрасните, а камоли за децата.
Невозможно е да не им се дозволи на децата воопшто да јадат шеќери, а и не треба. Она што е најважно е да се воспостави соодветен став кон слатката храна. Објаснете им на децата дека слатките се десерти и дека тие не можат да ја заменат нормалната храна. Ако одредена личност има здрави навики за исхрана како дете, постои голема веројатност дека таа личност ќе се храни здраво кога ќе биде возрасна.
Извор: Brightside
Крај