Што не треба да носите на интервју за работа?
Голема улога во добивање на работа игра оставањето на добар прв впечаток. Не мора да трошите многу пари на купување нова гардероба, но вложете малку повеќе напор за да изгледате убаво и професионално и пред вашето следно интервју бидете сигурни дека нема да направите грешка во изборот на облека.
Еве што не треба да носите на интервју за работа:
Облека која открива премногу
Сако е секогаш добар избор за интервју, но треба внимателно да изберете што ќе носите под него. Кошула или блуза со длабок V израз која премногу го открива деколтето, секако не е соодветен избор за оваа пригода.
Овој совет се однесува и на мажите. И освен доколку интервјуто не се одвива во опуштена средина, немате никаков изговор за носење на широка и премногу опуштена маица под сакото.
Не претерувајте со парфемот
Внимавајте со парфемот и тоалетната вода, бидејќи никогаш не можете да знаете дали оној што ве интервјуира има алергија или аверзија кон силни мириси. Во секој случај сигурно не сакате парфемот да биде првото или последното нешто што ќе го забележат кај вас.
Оставете ги слушалките дома
Во ред е да слушате музика додека одите на интервјуто за работа, но тргнете ги слушалките пред да влезете во канцеларијата. Инаку ризикувате да изгледате расеано и дефокусирано, а сигурно и не сакате да се заплеткате во кабелчето додека се сретнувате и ракувате со тој што ќе ве интервјуира.
Не претерувајте со шминката
Иако е важно да изгледате најдобро, ставањето премногу шминка не е најдобриот начин да се истакнете за време на интервјуто. Вашиот изглед нека биде што е можно поприроден – избегнувајте темна сенка за очи, кармин во силни бои и тешка пудра. Целта е да изгледате свежо и будно, без да се забележи дека сте потрошиле премногу време на нанесување шминка.
Аксесоарите и додатоците нека бидат минимални
И жените и мажите треба да ги сведат додатоците на минимум. Дамите треба да избегнуваат премногу доминантен накит – наместо големи обетки, светкави ѓердани и големи очила за сонце изберете нешто класично и дискретно.
Иако додатоците не се толкав проблем за мажите, сепак внимателно изберете ги вратоврската и ременот и всушност немојте да носите нешто што би го носеле за вечерно излегување.
Без оглед на тоа што ќе изберете да носите, запомнете дека треба да изгледате професионално. Не дозволувајте вашата облека да го одвлекува вниманието од фокусот на интервјуто: вие, вашето работно искуство и зошто вие сте најдобар кандидат за конкретната работа.
Крај