Симптоми и знаци за анемија
Анемија, исто така позната како крв која е сиромашна со железо, е често нарушување што се јавува кога недостатокот на црвените крвни клетки ја попречува испораката на кислород низ вашето тело.
Најчеста причина за анемија е ниското ниво на железо во крвта – железо-дефицитна анемија. Без железо, вашите црвени крвни клетки може да имаат намален хемоглобин, кој носи кислород од белите дробови до остатокот од телото. Вие во суштина почнувате да се задушувате одвнатре.
Симптоми и знаци за анемија
Луѓето кои се анемични најчесто се соочуваат со замор. Иако е нормално да се чувствувате уморни по долгиот ден на работа или тешка вежба, кога сте анемични се чувствувате уморни по кратки и пократки периоди на напор, бидејќи клетките на вашето тело стануваат гладни за кислород. Додека анемијата се влошува, вашето тело може да доживее видливи физички промени – вашата кожа може да стане бледа, вашите нокти кршливи, а на исечениците и повредите да им треба поголго време за да се запре крварењето.
Други симптоми кои можат да укажуваат на анемичност се:
Недостаток на здив
Раздразливост
Слабост
Вртоглавица
Ладни раце и нозе
Тахикардии или неправилна работа на срцето
Неможност да се концентрира или размисли јасно
Болка во градите
Сексуална дисфункција
Овие симптоми најверојатно ќе бидат многу слаби во почетокот, особено ако имате блага или умерена анемија. Нашите тела се многу прилагодливи и ќе се обидат да компензираат за губењето на кислород во крвта. Како што напредува анемијата, вашето тело ќе биде помалку способно да се адаптира и симптомите ќе станат поочигледни.
Доколку имате некој од овие симптоми, потребно е да го посетите вашиот лекар. Сепак, анемијата најчесто се открива додека се испитува друга болест, бидејќи за анемијата во рана фаза речиси и нема симптоми.
Крај