Знаци кои укажуваат дека имате проблем со тироидната жлезда
Тироидната жлезда, во облик на пеперутка која се наоѓа под адамовото јаболко, е мала но многу важна жлезда која ослободува хормони кои имаат огромно влијание врз метаболизмот, меѓу другите процеси. Затоа од особено значење е правилно да функционира.
Еве неколку знаци кои укажуваат дека штитната жлезда не работи правилно:
Паѓање / изретчување на косата
Растот на косата зависи од правилното функционирање на тироидната жлезда. Промените во нивото на хормонот произведени од тироидната жлезда може да доведат до промени во растот на косата. Прекумерното производство на хормонот може да предизвика косата да биде слаба и ретка низ целиот скалп, додека недоволното лачење на хормонот може да доведе до губење на косата.
Депресија / анксиозност
Ако во последно време се чувствувате вознемирени без некоја посебна причина, постои можност вашата тироидна жлезда да не работи правилно. Хиперпродукцијата на тироидните хормони резултира со поголема стимулација на мозокот, поради што пациентите се чувствуваат нервозно или се вознемирени. Суперпродукцијата на хормонот има спротивен ефект, прави пациентот да се чувствува депресивен и уморен.
Постојано ви е студено или премногу се потите
Тироидната жлезда е како термостат за нашето тело во смисла дека ја регулира температурата на телото. Доколку се зголеми производството на хормони, на луѓето им е премногу топло и постојано се испотени. Ако постои недостаток на хормонот на тироидната жлезда во телото, пациентите може да чувствуваат студ и нетолеранција на ладно време.
Ненадејно губење / добивање тежина
Тироидните хормони се одговорни за регулирање на метаболизмот на телото. Пониско од нормалното производство на хормонот може значително да го намали метаболизмот и способноста за горење на калориите на телото, што предизвикува зголемување на телесната тежина, додека прекумерното лачење ќе предизвика нагло да изгубите тежина.
Нередовни месечни циклуси
Ако имате проблем со месечниот циклус, несоодветното функционирање на тироидната жлезда може да биде виновник за тоа. Недостатокот на хормони ќе ги направи циклусите потешки, подолги или ќе предизвика да се намали периодот помеѓу едниот и другиот циклус, додека пак зголеменото производство на хормонот може да предизвика да се зголеми периодот помеѓу еден и друг циклус.
Расеаност и деконцентрираност
Ако тироидната жлезда не работи правилно, нема да работи ниту вашиот мозок. Помалото лачење на хормони може да предизвика суптилна загуба на меморијата, додека прекумерното лачење на тироидните хормони може да го отежне концентрирањето.
Нелагодност во пределот на вратот или појава на гушавост
И хиперпродукцијата и недоволното производство на тироидните хормони може да доведат до зголемување на тироидната жлезда, предизвикувајќи гушавост.
Неправилна работа на срцето
Неправилното функционирање на тироидната жлезда може да предизвика срцето да бие бавно и неправилно или да се јават брзи отчукувања.
Извор: brightside
Крај