Добро познати работи за кои се караат сите нови родители
Вашето ново бебе е дома со вас и никогаш не сте чувствувале поголема поврзаност и со партнерот и со новиот член… Но, често и се карате за тоа кој што да направи и како да направи. Па, еве ги главните причини за кавгa кај сите нови родители:
Спиење
Факт е дека не спиете доволно или воопшто! Но, сигурно постојано се карате со партнерот за тоа кој повеќе заслужува да спие и кој има право да се жали за тоа. Значи, можеби најдобр начин да се среди овој проблем е да се задржат на минимум жалбите и поплаките од двете страни.
Чистење
Кога имате ново бебе немате време нуту набрзина да се истуширате, а да не зборуваме за чистење на домот. За да нема кавга помеѓу вас и партнерот најважно е целосно да сте во согласност со тоа до која граница е прифатлива нечистотијата. Обидете се да ги поделите обврските и секој нека се држи до својот дел.
Гости
Бебињата доведуваат до напад на гости, што може дополнително да ве исцрпи и да направи повеќе да се карате со партнерот за ситници. Затоа однапред договорете се колку често би биле подготвени да примате гости и колку време е подносливо за вас тие да останат за да ги намалите потенцијалните мешаници.
Менување на пелените
За ова нема што многу да се каже, како и да се договорите едниот секогаш ќе менува повеќе пелени од другиот, но е во ред и треба да го прифатите тоа.
Крај