Сладоледот може да ви помогне да забремените!
Да, добро прочитавте! И тука не зборуваме за оние со помалку калории и за замрзнатите јогурти. Една или две порции на полномасно млеко или полномасни млечни производи дневно (како што е сладоледот) заштитуваат од овулаторна неплодност.
Млекото со намалена масленост пак, го прави тому спротивното. Отстранувањето на маснотиите од млекото го менува неговиот баланс на полови хормони, што пак ја попречува овулацијата. За да го претворат полномасното млеко во обезмастено, често се додава протеинот на сурутка за вкус и боење. Откриено е дека овој протеин произведува тестостерон кај глувците.
Жените кои се обидуваат да забременат треба да ја прилагодат нивната исхрана и да размислат за промена на млечната храна со ниска масленост со млечни производи со висока масленост. Но сепак, не треба да се претерува. Заменете еден млечен производ со намалена масленост дневно со друг производ со полна масленост. Остатокот од исхраната може да се прилагоди за да се постигне истиот вкупен калориски внес. Откако ќе забремените, секогаш можете да се вратите на стариот начин на исхрана.
Крај