Со парите, среќа не се купува – Освен ако не ги потрошите на *Оваа работа*
Повеќе пари – повеќе проблеми, нели? Колку и да сакаме да веруваме дека е точно, тоа не е секогаш случај, се тврди во најновото истражување спроведено од Универзитетот Принстон.
Истражувачите објаснуваат дека парите можат да купат среќа, се додека ги трошите на услуги кои заштедуваат време а кои се однесуваат на досадните обврски по чие завршување се чувствувате исцрпени и преоптоварени.
Кога ќе размислете убаво, има смисла! Времето е нашето најскапоцено нешто. Па, ако поседувањето екстра пари во џебот значи дека можете да се вратите дома и сѐ да ви биде исчистено и да добиете екстра време во вашиот живот – кое можете да го потрошите за да ја гледате вашата омилена ТВ серија или да пиете кафе со пријателките – тогаш тоа е една мала работа која ќе ве направи да се чувствувате посреќни.
Крај