Со топла бања ќе согорите калории како со вежбање
Одлични вести за оние кои не сакаат или немаат време да вежбаат: Новите истражувања откриваат дека топлата, релаксирачка бања може да биде подеднакво добра за здравјето како и напорното трчање.
Според д-р Стив Фаулкер од Универзитетот Лауборо, релаксирачката бања нуди слични придобивки како и вежбањето и може да го спречи дијабетесот од тип 2 и други болести.
За студијата, д-р Фолкнер испитувал 14 луѓе кои се препуштиле на едночасовна бања, а исто така возеле и велосипед 1 час. Возењето велосипед согорило повеќе калории, но времето поминато во топла бања било еквивалентно на половина час пешачење во однос на согорените калории.
Што се однесува до нивоата на шеќер во крвта, и за време на вежбањето и за време на топлата бања биле слични. Но највисокото ниво на шеќер во крвта после јадење бил околу 10% помал кога учесниците уживале во топла бања во споредба со она кога вежбале. Таканареченото “пасивно загревање” може да помогне да се намали воспалението кое може да биде предизвикано од различни фактори.
Се разбира, придобивките од вежбањето сѐуште се неспорни. Но, во секој случај, ние избираме да “вежбаме” во бањата.
Крај