Во кои соби од домот има најмногу бубачки?
Инсектите можат да го претворат секој дом во свој дом, се додека има пукнатини, врати и прозорци за да можат да летааат и да пролазуваат. Според најновите истражувања, овие бубачиња ја преферираат дневната соба во однос на кујната.
Во домовите, популацијата на инсекти се движи околу 10.000 бубачки, живи и мртви и тука се застапени и разновидни инсекти кои треба да се уништат.
Најчесто застапените бубачки не се штетни и вклучуваат бубамари, муви и вошки. (За среќа на сопствениците на куќите, штетници како бубачки во креветите, термити и болви се многу поретки). Но, сите соби не содржат иста распределба на овие повеќеножни инсекти.
Дневните соби на приземје со килими и прозорци имаат тенденција да опфатат најразновидна популација на бубачки, бидејќи пристапот до овие простории е полесен, просторот за живеење е голем и влакнестиот под може да им биде удобно живеалиште или смртоносна стапица на бубачките, во зависност од тоа дали се заглавиле во килимот. Колку е повисок спратот на куќата толку помалку разновидна е и популацијата на бубачки, факт кој се поврзува со помалиот број на врати и отвори кон надворешната средина.
Типовите на бубачки за кои се смета дека се специфични за одредени типови на соби всушност се вообичаено присутни насекаде. Мравките и лебараките не се ограничуваат само во кујната, додека пајаците се присутни во сите соби. Што се однесува до молците, тие најчесто се присутни во заедничките простории во куќата кои ги користат сите како и во тоалетите.
Навиките на домаќините што се однесуваат на чистотата на домот, употребата на пестициди и чувањето милениче немаат некое значајно влијание врз составот на “општеството” бубачки.
Факт е дека бубачките се неизбежен дел од животот на Земјата и пред се, сѐ одраз на условите за живеење во надворешната средина, а не на условите на чистота внатре во самите домови. Па така, можеби е време да се помириме со нашите мали “цимерчиња.”
Крај