Покрај за готвење, солта можете да ја употребите и за овие неверојатни работи
Солта му дава одличен вкус на јадењето, но тоа не е единственото за што е добра.
Солта може да помогне за побрзо заздравување на шиени рани
Можете да се капете во солена вода или да користите крпа што е натопена во солена вода за побрзо зазрдравување на вашата зашиена рана. Солената вода и помага на раната да се исуши и да заздрави побрзо.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш е најдобро да се консултирате со вашиот лекар пред да го користите овој метод.
Ја чува бојата од облеката
Најдобар начин да бидете сигурни дека вашата омилена обоена облека нема да избледи, е да ја потопите во солена вода преку ноќ. Само истурете 1/4 чаша сол во вода и оставете го парчето облека внатре во текот на ноќта. Можете дури да додадете и оцет ако сакате. Солената вода ќе помогне бојата од ткаенината да не избледи.
Чисти теписи и мијалници
Ви се истури вино на тепихот? Не грижете се! Солта е катализатор за состојки како што е и оцетот и може да се користи за чистење на повеќе работи, вклучувајќи теписи, одредени видови обувки како бели стартки, па дури и мијалници. Сѐ што ви треба е да истурите во вода, да додадете оцет и имате моќно средство против дамки. Солта нема да им наштети на теписите, за разлика од другите јаки хемикалии.
Чисти спанаќ
Измијте го спанаќот во солена вода за да бидете сигурни дека е целосно исчистен.
Спречува овошјето да потемни
Загрижени сте дека јаболката или крушите ќе добијат кафеава боја? Само ставете ги во солена вода неколку минути пред да ги сместите во фрижидерот. Користете 1/2 лажичка сол во 1 чаша ладна вода. Ова ќе ја спречи лушпата на плодот да ја менува бојата. Исто така, ќе им помогне да бидат свежи подолго време.
Крај