Сопругот не сака да го носи прстенот кој е симбол на нашиот брак!
Додека жените уживаат да носат блескав накит, за мажите често тоа претставува проблем.
Ако ги запрашате зошто не го носат прстенот, ќе ви дадат најразлични одговори: дека е лабав и се плашат дека ќе го загубат, им пречи додека спортуваат или работат физичка работа или едноставно им пречи и не можат да се навикнат да носат прстен.
Истражувањата за носење на бурмите се ретки, но сепак даваат интересни податоци. Во студија во која учествувале 2000 учесници, 1/5 од нив признале дека ги извадиле прстените после кавга со партнерот или пред да излезат со другарите за да можат безопасно да флертуваат. Интересно е тоа што мажите ги вадат прстените пред излегување, а жените после кавга. Некои луѓе признале дека не сакале да бидат доживеани како “досадни”, па ги извадиле прстените за да ги обликуваат перцепциите. 1/5 од учесниците, исто така, сметале дека оженетите мажи кои не носат прстен не ги сфаќаат браковите сериозно.
Па, дали треба да се грижите ако вашиот сопруг не сака да го носи прстенот?
Додека за некои неносењето на прстенот може да биде знак за брачни проблеми, корелацијата не е доволно силна за да може од неа да се извлече заклучок, бидејќи секој поединец е различен.
Ако вашиот сопруг одбива да го носи прстенот, немојте веднаш да донесете заклучок дека тој е помалку посветен на бракот отколку што треба да биде и само чека да ја искористи шансата да побегне со некоја друга. Многу мажи сметаат дека самата свадбена прослава е повеќе од доволна за да ја докажат нивната посветеност и љубов и не им треба прстен за да ја зајакнат таа порака.
Се разбира има и такви кои сакаат приватниот живот да го чуваат за себе и сметаат дека нема потреба другите да знаат детали од нивниот живот.
Жените од друга страна, ги покажуваат своите чувства повеќе – зборуваат отворено за нив и не се двоумат да ги прикажат во јавност. Затоа повеќето жени сакаат постојан доказ за нивната посветеност во бракот.
Важна улога во тоа дали мажот ќе носи прстен или не може да има и семејната традиција. Многу е веројатно дека мажот ќе го следи примерот на неговиот татко. За време на детството и растењето, тој ќе ја прифати пораката дека оженетите мажи треба или не треба да носат прстени, во зависност од тоа дали неговиот татко носи или не. Ако вашиот сопруг упорно одбива да носи прстен, иако тоа вас ви е многу важно, ова може да биде главната причина за тоа.
И се разбира, тој едноставно може да биде еден од оние мажи за кои носењето на каков било накит е комплетно неприфатливо.
Ако не ви даде причина да се сомневате во него или во било кој аспект од вашата врска, фактот што не носи прстен, воопшто не треба да ве загрижува. Се разбира, ако веќе сте загрижени за неговата верност, тогаш тоа е сосема друго прашање.
Крај