Бебињата престануваат да плачат кога родителите го прават ова
Секој нов родител во одреден момент се соочил со ваква ситуација: вашето бебе плаче и плаче и иако чувствувате дека сте направиле сѐ што е во ваша моќ, ништо не го смирува. Ова може да биде крајно фрустрирачко и во тој момент сигурно би дале сѐ некој да влезе и да ви каже што да направите и како да го смирите.
Постојат безброј експерти кои нудат решенија и кои ќе ве спасат од целосно полудување. Иако секое бебе е различно и не значи дека ако нешто ги смирува другите бебиња ќе го смири и вашето, ние ви ги даваме најефикасните методи. Веројатноста е дека барем еден од нив ефикасно ќе му помогне на вашето бебе, на вашиот разум и на вашата врска со партнерот (и со соседите)!
Станете и движете се!
Не е најдобрата вест да му кажете на веќе исцрпениот нов родител дека еден од најефикасните начини да го смири плачењето на бебето е да го крене и да се движи низ собата. Но, за жал – никој никогаш не рече дека ова ќе биде лесно. Стоењето и движењето на телото го смирува бебето и прави тоа да се чувствува сигурно.
Носете го бебето во марами/носилки.
Дали би сакале да прочитате за техника која не само што го смирува плачењето на бебето, туку исто така го намалува вкупното време кое бебето го поминува во плачење? И што е уште поважно, ефтина е и супер лесна!
Станува збор за носење на бебето во специјални марами. Што се однесува до причината зошто овој метод е толку корисен, тоа би можело да биде поради поинтимната врска со родителот. Додека го носите бебето, тоа чувствува сè што вие доживувате, од вашето дишење, до миењето на садовите. И колку сте вие посмирени додека го носите бебето, толку и тоа ќе биде помирно.
Цуцла
Можеби цуцлата не е на прво место на вашата листа на “начини за добивање мир и тишина” – но, нема сомневање дека таа помага за решавање на проблемот со плачење. И ако сте еден од оние родители чие новороденче ја сака цуцлата, ние имаме одличен совет за да добиете пристоен ноќен сон: тивко влезете во собата кадешто спие вашето бебе и оставете му цуцла во креветчето. Така кога цуцлата ќе му испадне од устата и ќе се разбуди со плачење, ќе може да ја најде другата цуцла која претходно му ја ставивте во креветчето.
Пуштете музика.
Еден од најдобрите начини да го смирите плачењето на вашето бебе е со музика. И вие всушност, можете да се забавувате на овој начин. Не грижете се за текстот на песните кои му се допаѓаат на вашето бебе, бидејќи децата почнуваат да разбираат само некои зборови околу 13-от месец. И секако, не постои правило – секое бебе сака да слуша различни мелодии.
Завиткајте го како бурито!
Eднa од техниките за смирување на бебе кое плаче е да го завиткате како бурито во меко ќебенце – доволно цврсто за да се чувствува безбедно, но и доволно лабаво за да има малку простор. Има многу видеа на интернет што ќе ве научат како правилно да го завиткате.
Бидете смирени.
Знаеме дека ако некој во тој момент ви каже “бидете смирени” е исто како да ви забодел игла во окото. Се разбира дека е полесно да се каже отколку да се направи, но да бидете смирени е особено важно и заради сопственото ментално здравје и заради доброто на вашето бебе.
Ако сте нервозни и фрустрирани кога вашето бебе плаче, само ќе ја влошите ситуацијата бидејќи вашето бебе ќе ја почувствува напнатоста и ќе реагира на ист начин. Исто така, не е добро да оставите бебе помало од 3 месеци да плаче во недоглед додека самото не се смири – можете да го оставите 5 минути, но потоа веднаш треба да реагирате.
Крај