Совети за родителството од целиот свет
Секој родител го прави она што смета дека е најдобро за неговото дете. Но, сигурно можете да научите нешто од овие прекрасни родителски практики од целиот свет.
ИТАЛИЈА: Не ги спречувајте да плачат и да врискаат
Нашите италијански пријатели советуваат дека не треба премногу да обрнувате внимание на ваквите испади од вашите деца. Кога децата го прават тоа, италијанците имаат тенденција да им дозволат да завршат без да ги прекинат, за да се исцрпат и да научат дека овој тип на однесување нема да им помогне да го добијат тоа што го сакаат.
ПОЛИНЕЗИЈА: Постарите деца се најдобри дадилки
На некои полинезиски острови, се практикува кога детето веќе може да оди, да го оставаат со постари браќа и сестри, но и со други деца од заедницата. Ова ги охрабрува да држат чекор со големите деца што ги учи на самодоверба и самостојност од многу рана возраст.
ФРАНЦИЈА: Зборувајте со вашето дете како со возрасен
Бебешкиот разговор е за бебиња! Наместо да глумат, родителите во Франција им зборуваат со своите нормални гласови на нивните бебиња и деца. (Размислувањето е дека ова ја поттикнува зрелоста и покажува почит.)
ИНДИЈА: Малите деца не треба да спијат сами
Индијците мислат дека е чудно малите деца да имaат своја соба. Во Индија децата обично спијат со нивните родители или браќа и сестри најмалку до шест години.
ДАНСКА: Свежиот воздух е неопходен за добро здравје
Дури и на температури близу до нула, данските деца секојдневно излегуваат барем по еден час на отворено. Дури и бебиња честопати остануваат да спијат надвор во нивните колички, додека родителите трчаат наоколу по другите деца. Звучи лудо? – Не треба, бидејќи Данска е втората најбезбедна земја во светот.
ЈАПОНИЈА: Дајте им независност на помала возраст
Исклучително ниската стапка на криминал во земјата создаде култура каде јапонските деца се охрабруваат самостојно да се движат наоколу и да истражуваат. Не е невообичаено да се најдат сами петгодишници во подземната железница или во автобусите.
КОРЕЈА: Ужината не е потребна
Додека останатите мајки трчаат наоколу со чинии преполни со јадење, корејските деца ја учат вредноста на чекање за следниот оброк. И таму не постојат детски менија или оброци, децата и родителите го јадат истото јадење.
АРГЕНТИНА: Децата немаат точно определено време за спиење
Брзате дома за да ги испратите децата на спиење до 20:00 часот? Децата во Аргентина одат на истите забави и социјални собири како и нивните родители и како резултат на тоа, тие често остануваат до доцна. И погодете што? Тие се сосема во ред!
Крај