Едноставни совети за да го уредите домот како професионалец!
Средување на гардероберот, накитот или шминките, организирање на полиците со книги, уредување на домот – некои работи едноставно никогаш не завршуваат!
Ние ви даваме неколку совети со кои вашиот дом ќе добие целосно нов изглед и свежина без да најмите професионалец.
1. Поставете ги завесите високо над прозорците. Колку се поблиску до таванот, визуелно ја зголемуваат собата.
2. Уметничките дела закачете ги на ѕидовите на ниво со очите.
3. Поставете стилски кутии и кошеви низ домот, за брзо средување на нередот.
4. Секогаш, секогаш наместете го креветот! Ништо не кажува “не ми е гајле за домот” повеќе од прекривка падната на подот.
5. Користете килими и теписи за да ги одвоите зоните во домот. Со обично поставување на тепих под трпезариската маса, го одвојувате тој дел од останатиот простор.
6. Гледајте на секојдневните производи како на декорација. Чинија со овошје или зеленчук е одличен декор за домот.
7. Редовно чистете ги прозорците. Огромна е разликата помеѓу чисти и валкани стакла.
8. Висечките лустери треба да бидат поставени на растојание од околу 1 метар над трпезариската маса или шанкот.
9. Секогаш имајте свежо цвеќе во домот.
10. Тестирајте ја бојата на мал дел, пред да ја обоите целата соба. Никогаш не можете да знаете како одредена боја од каталог ќе изгледа на светлината во вашиот дом.
11. Организирајте ги книгите по боја.
12. Ставете декоративни перници.
13. Ако не сте сигурни за изгледот на одреден дел од домот – направете промена (не мора да купувате нови елементи, само разместете ги тие што веќе ги имате).
14. Запомнете дека сѐ изгледа подобро кога е наредено во ред (шишињата со алкохол, парфемите итн.)
15. Ако се двоумите за боја – изберете бела!
Крај