Совршен маж постои! – Ако вашиот маж ги поседува овие особини вие сте најсреќните жени!
Совршениот маж не само што е ваша најголема поддршка и знае да ве утеши со убави зборови, туку и ги превзема работите во свои раце кога тоа е потребно!
Секоја жена бара различни квалитети и способности кај мажот, но овие особини се нешто што секој ”совршен маж” треба да го поседува. Ако препознаете некоја од нив кај вашиот дечко или сопруг, несомнено вие сте насреќните жени!
1. Тој ви помага околу домашните работи
Никогаш не дозволува да се почувствувате како негова лична помошничка. Тој знае дека вие имате многу обврски и секогаш е подготвен да ви помогне околу чистењето и одрувањето на домот. Секако, некогаш ќе се пожали, но кој маж не го прави тоа?
2. Секогаш ве поддржува, дури и кога грешите!
Сите правиме грешки, но кога тоа ќе се случи, вашиот партнер треба да ве поддржи и да ве утеши. Тој треба секогаш да биде тука за вас и да биде на ваша страна.
3. Обрнува внимание на детали
Тоа не значи дека треба и мора да го знае секој најмал детал од вашиот живот или на пример да се сеќава што сте носеле на вашиот прв состанок. Но, мора да знае колку шеќер да стави во вашиот чај или кафе или кое е вашето омилено јадење.
4. Тој не е само паметен, туку и мудар
Навистина е од голема помош кога покрај себе имате некој кој може да ви го објасни тоа што не го знаете или не можете да го сфатите (на пример вселената или некоја компјутерска програма). Но, уште поважно е да знае да најде излез од обичните секојдневни проблеми. Ако зне да ви даде добар совет после кавгата со вашата мајка или сестра, тогаш вие навистина имате среќа!
5. Знае како да ве расположи
Кога сте тажни или нерасположени, тој секогаш знае што треба да направи за да измами насмевка на вашето лице.
6. Знае да направи компромис
Идеалниот маж може да најде заеднички јазик со здодевните соседите, молерот, полицаецот… па и со вашите родители.
7. Го почитува вашето мислење
Партнерите пред сѐ мора да бидат добри пријатели. Донесувањето на заеднички одлуки е клучен елемент за среќен брак или врска.
8. Знае да зготви ручек или вечера
Модерните жени сакаат маж кој изгледа добро и кој знае да готви. Сервирана вечера на масата кога ќе се вратите од посета на пријателката е нешто на што секоја жена ќе се израдува!
Извор: stil.kurir.rs
Крај