Основни правила за совршена свадбена прослава
Секоја невеста сака да биде сигурна дека нејзиниот посебен ден ќе биде совршен. Ако веќе имате закажано свадба и малку сте загрижени околу подготовките и аранжманите, не грижете се! Во прилог прочитајте ги најважните совети за организирање на совршена свадба, кои ќе ви помогнат сѐ да испланирате навремено.
Започнете да планирате многу порано.
Сигурно веќе го имате избрано годишното време и месецот кога сакате да се случи свадбата, но сепак тоа не значи дека треба да губите скапоцено време. Започнете со истражување, планирање и подготовки барем 1 година пред месецот на вашата свадба. Колку порано ќе започнете со тоа, толку помалку ќе бидете под стрес како што се наближува денот и ќе можете сè да имате под контрола.
Помош и поддршка од најблиските.
И покрај фактот дека тоа е вашиот голем ден, најблиските ќе бидат повеќе од подготвени да ве охрабрат и треба да бидат ангажирани околу свадбата. Знаејќи дека имате помош од личностите во кои верувате, ќе направи да се чувствувате сигурни дека иако работите не се одвиваат според планираното, можете да се потпрете на нив за да ги средат.
Бидете конкретни со списокот на гости.
Рано направете го списокот со гости за да можете потоа да го најдете идеалниот распоред на седење. Трошоците ќе бидат високи, па затоа не чувствувајте вина ако одлучите да не поканите некој од направениот список. Тоа е најголемиот и најтежок избор во целиот процес на организирање на свадбата, но сепак одлуката треба да ја донесете сами.
Изберете фотограф и бенд неколку месеци пред свадбата.
Од музиката зависи дали една забава ќе биде успешна или не. Затоа бидете сигурни дека ќе го резервирате вашиот омилен бенд неколку месеци однапред.
Свадбените фотографии и видеата ќе бидат ваш потсетник на најубавиот ден и тие треба да го овековечат тој ден. За да не се каете подоцна ако фотографот не ги доловил вистинските значајни моменти, започнете да истражувате и пронајдете го вистинскиот за вас.
Паметно изберете го менито.
Еден од најголемите фактори кои ја прават свадбата возбудлива е храната. При изборот на мени не мислете само на себе, туку и на вашите гости. Ако сакате да експериментирате со вкусови и да пробувате нови егзотични деликатеси, не значи дека и гостите го сакаат тоа. Секогаш изберете класично мени што ќе им се допадне на сите (или на повеќето), бидејќи сигурно не сакате да ја запомнат вашата свадба по тоа што останале гладни.
Погрижете се да изгледате најдобро!
Сите треба да изгледаат најдобро на нивните свадбени фотографии. Ако сакате да намалите неколку килограми, започнете со здрава исхрана и тренинг. Ако скаате да ја промените бојата на косата, направете го тоа неколку месеци однапред. Направете сѐ за да си ја зголемите самодовербата и да блеснете на денот на вашата свадба.
Дајте му неколку задолженија на вашиот свршеник.
Во ред, вашиот свршеник сигурно не ја планирал својата свадба од 5 годишна возраст, но сигурно има свое мислење околу организирањето на истата. Слушнете го и неговото мислење и не заборавајте дека ова е и негов ден, исто така!
Крај