Спасете се од комарците со талог од кафе и ловоров лист
Инсектите имаат силно чувство за мирис, а мирисот на кафе не им се допаѓа. Тој мирис станува уште поинтензивен кога гори. Затоа талогот од кафе и ловоровиот лист се совршено решение за досадните комарци, но исто така и за други инсекти како што се пчелите, осите итн.
Покрај тоа, мирисот на чад инсектите го поврзуваат со опасност и знак дека мора да заминат од тоа место.
Еве како да ги искористите талогот од кафе и ловоровиот лист:
- Исушете го талогот од кафе (на ладно и темно место).
- Земете парче алуминиумска фолија, обликувајте ја како чинија и во неа ставете го талогот.
- Излезете надвор и запалете го талогот,
- За подобри резултати, во талогот додадете и сув ловоров лист.
- Ловоровиот лист може да се употреби и одделно и во тој случај можете да го запалите и внатре во домот.
Извор: 24sata.hr
Крај