Колку часови спие вашиот партнер може да биде причина зошто не можете да забремените
Најновите истражувања покажуваат дека постои врска помеѓу навиките за спиење на мажите и плодноста.
Секоја жена која сака да забремени знае што треба да направи за да ја зголеми можноста за зачнување: здрава исхрана, физичка активност, пренатални витамини и намалување на внесот на кофен и алкохол. Но, жените обично се фокусираат само на себе, заборавајќи дека и мажите треба да воведат одредени промени во начинот на живот за да ги зголемат шансите за забременување.
Сега, една нова студија открива дека мажите кои спијат 7-8 часа навечер, имаат подобра шанса да зачнат со своите партнерки!
Kога мажите спијат помалку од 6 часа или повеќе од 9 часа во текот на ноќта, шансите за успешно зачнување се намалуваат речиси за половина.
Проблемите со спиењето кај мажите најчесто настануваат од хормонски причини и оттука помала е веројатноста нивната партнерка да забремени.
Затоа кога сакате да зачнете, треба подеднакво да се фокусирате и на здравјето и начинот на живот и на парнерот.
Крај