Задолжително направете го ова ако јадете храна од конзерва!
Најголем дел од солта која ја внесуваме во организмот доаѓа од лебот и преработената храна: полуготовата и конзервираната.
За да го намалите внесот на сол, конзервираната храна треба да ја измиете пред да ја зготвите. Измијте ја под млаз ладна вода, а дури потоа можете да ја подготвувате. Освен содржината на конзервата, задолжително треба да ја измиете и самата конзерва и не заборавајте да го измиете отворачот за конзерви после употреба.
Замислете само колкав пат поминуваат конзервите од фабриката и камионот до магацините. Поминале низ многу раце кои ги ставале на полиците, а уште поголем број на купувачи ги допирале со рацете за да го видат составот или рокот на трење.
При отворањето на конзервата, бактериите кои се наоѓаат на неа лесно можат да навлезат во храната и за да го спречите тоа, задолжително измијте ја конзервата пред употреба и избришете ја со кујнска крпа. Ова важи и за пијалоците како пиво и сокови кои се продаваат во лименки.
Што се однесува до оштетените конзерви, најдобро е да не ги употребувате бидејќи постои голема можност хемикалиите кои се наоѓаат во составот на заштитниот слој на конзервата да преминат во храната.
Конзервираната храна е најчест извор на ботулизам, сериозна форма на труење со храна предизвикана од ботулински егзотоксин кој го лачи бактерија позната како Clostridium botulinum. Еден од знаците на присуство на оваа бактерија може да биде надуена конзерва која при отворањето испушта звук како шуштење.
После отворањето, конзервираната храна чувајте ја во фрижидер во стаклен или пластичен сад.
Извор: stil.kurir.rs
Крај