Што е “ги” (ghee) и зошто е подобро од путерот?
Можеби сте го сретнале во листата на состојки за приготвување на некое јадење или како замена за путер. Се прашувате што е всушност “ги”-то? Ние имаме одговор на вашето прашање и во прилог ќе ви објаснеме зошто тоа е подобро од путерот.
За што станува збор? Ги е нус-производ од путерот, добиен на тој начин што путерот се вари на тивко и потоа низ цедилка се цеди од тврдите млечни материи. Она што останува е чист путер и тоа е всушност ги.
Па, нели е тоа исто како прочистен путер? Не сосема. Се подготвува на ист начин, но ги-то се готви подолго време додека цврстите млечни материи не почнат да стануваат кафеави и додека целата влажност не испари. Крајниот вкус потсетува како на ореви или нешто потпечено. Исто така ги-то не содржи вода, па практично не е подложно на расипување – трае скоро цела година доколку се чува во фрижидер или три месеци доколку не се чува во фрижидер.
Добро…тогаш зошто треба да готвиме со него? Покрај тоа што е вкусно и не се расипува, ги-то брзо се загрева и е одлично за пржење. Бидејќи не содржи млечни протеини или лактоза, лицата со осетлив стомак полесно ќе го дигестираат. А доколку се направи од путер добиен од млекото на крави хранети исклучиво со трева, ги задржува сите оние витамини и минерали корисни за човечкиот организам. И секако има вкус на путер…дури и уште подобар.
Извор: purewow.com
Крај