Што е тога и како се изведува?
Дури иако никогаш не сте успеале да ја изведете позата дрво, сепак можете да станете професионалец во најновиот тренд во фитнесот – Тога (Toega). Со еден збор кажано во суштина се работи за јога на стапалата. Прочитајте зошто луѓето во последно време им “оддаваат почит” на своите стапала.
Со Тогата се воведува здраво движење, преку истегнување и вежби за двата екстремитети кои се најмногу запоставени и преоптоварени – прсти + јога = тога (eng: toes+yoga =toega)
Зошто тогата е добра за вас? Исто како што сакате да развиете јаки, флексибилни трицепси, сакате истото да го постигнете и за мускулите на вашето стапало. Дневен режим со тога во траење од 5-10 минути може да помогне во подобрување на мобилноста, флексибилноста и силата на вашите прсти, стапала и глуждови. И како што ги развивате овие области, можете да ја спречите појавата на општо познатите проблеми како што се плантарен фасцитис, жуљеви и болки во предниот дел на ногата под коленото.Исто така е особено корисно за бремените жени кои се обидуваат да ги одржуваат лаковите на стапалата.
Тогата е многу лесна и едноставна за вежбање. Постојат многу вежби, но во прилог можете да научите три основни вежби за да започнете.
- Истегнување на палецот: Застанете на мека подлога и свиткајте го палецот кон топката на стапалото. Вршете што поголем притисок се додека можете да издржите да го истегнете првиот метатарзален зглоб.
- Изолација на палецот: Додека стоите балансирано на двете стапала, обидете се да го изолирате палецот додека го притискате кон подот, а во исто време симултано ги подигнувате останатите четири прсти, а топката на стапалото да остане прилепена на подот.
- Крцкање на пешкирот: Легнете на крпа. Сега седнете со колената поставени под агол од 90 степени и поставете ги стапалата така што прстите да го допираат дното на крпата. Потоа, соберете ги прстите и зграбете ја крпата за да ја повлечете кон вас додека не се собере под лаковите на стапалата.
Сега вдишете длабоко и напијте се вода. На вашите прсти им е потребен одмор.
Крај