Што го загрозува детскиот имунитет и како да го зајакнете
Низ игра, дружење со пријателите во градинка или на училиште, децата секојдневно се изложени на голем број вируси и бактерии. Освен тоа, имунитетот на децата може да биде загрозен и од претерано внесување шеќери, конзерванси и адитиви низ исхраната. Дебелината и недостатокот на физичка активност исто така негативно влијаат врз имунитетот на децата, а како уште една причина, сѐ почесто се спомнува и прекумерното конзумирање антибиотици.
Експертите сметаат дека комбинацијата од здрав начин на живот и генетика може значително да влијае врз подлежноста и ширењето на инфекции.
Еве што вие можете да превземете за зајакнување на имунитетот кај вашето дете:
Во секојдневната исхрана воведете здрави масти и пробиотици
Омега-3 масните киселини кои ги има во рибата, маслиновото масло, лененото семе и јаткасти плодови, секако треба да се најдат во чинијата на вашето малечко. На пазарот постојат и разни пробиотици наменети за деца. Пробиотиците претставуваат добри бактерии кои помагаат во зајакнување на имунитетот, а во природен облик најлесно е да се конзумираат преку јогурт или кефир.
На организмот му се потребни витамини и минерали
Општо е познато дека витаминот C го зајакнува имунитетот. Тој го зголемува производството на бели крвни зрнца, но и природни протеини кои делуваат одбранбено на вирусите, паразитите и тумор клетките. Обезбедете го вашето дете со витамин C низ додатоци во исхраната или со конзумирање 4 мали оброци зеленчук и овошје секој ден.
Истражувањата покажуваат дека имунитетот не може да се активира без витамин D. Витаминот D најчесто го добиваме од сонцето, но го има и во рибата.
Витаминот Е спаѓа во антиоксиданси кои исто така го поттикнуваат јакнењето на имунитетот. Витаминот Е го има во семките, растителните масла и во житарките. Освен витамини, за зајакнување на имунитетот особено се важни и минералите од кои посебно се истакнуваат цинкот и селенот.
Хигиената е важна, но без претерување.
Редовното миење на рацете може да ја спречи инфекцијата кај вашето дете. Меѓутоа, не треба да се претерува. Запомнете дека миењето на рацете е најдобар начин да се намали ризикот, но претераната хигиена може да ја намали отпорноста на вашето дете кон поедини вируси и бактерии. Особено е важно детето да ги мие рацете пред јадење, после играње (особено на отворено), после (а и пред) употреба на тоалетот и пред спиење.
Набавете домашно милениче
Истражувањата покажуваат дека растењето со куќни миленици го зајакнува имунитетот. Експертите објаснуваат дека децата на тој начин се изложени на поголем број вируси и бактерии, што ги прави појаки и поотпорни на разни болести.
Извор: miss7mama.24sata.hr
Крај