Што кажува редоследот на раѓање за вас?
Дали првородените деца се предодредени да бидат поуспешни од нивните браќа и сестри? Дали сите средни деца имаат проблеми со љубомора? Ако сте најмалиот член од семејството, дали сте природно смешен како што мислите дека сте? – Ова се најголемите клишеа!
Ако сте најстарото дете во семејството…
Вие сте веројатно родени лидери! Одговорна, послушна и лојална личност која има апетити за повисоко ниво на образование од помалите браќа и сестри. Околу 30% од првородените деца имаат важна раководна позиција (и со тоа, повисока плата) од останатите деца.
Но, која е вистинската причина за овие очигледни бенефиции? – За тоа секако најзаслужен е притискот од родителите. Како нови и неискусни во родителството, родителите, често имаат многу високи очекувања за првото дете. Детето може дури и да чувствува голем притисок да успее и да стане перфекционист, често поистоветувајќи ја љубовта со успехот.
Ако сте средно дете…
Имате многу помала веројатност од психолошка терапија, развод или невротичност, отколку постарите или помалите браќа и сестри.
Сакате мир и сте емпатични, што ве прави одличен тимски играч. Но, и вие можете да бидете лидери: Абрахам Линколн, Бил Гејтс, Мадона и Мартин Лутер Кинг Џуниор – сите се средни деца. Трпеливи сте, лесно се социјализирате и сте секогаш отворени за компромис, што ве прави одличен преговарач.
Негативно е тоа што не знаете да кажете ‘’не’’ и имате многу помала самодоверба од вашите постари или помали браќа и сестри, токму поради недостигот на уникатност и внимание во домот.
Ако сте најмалото дете…
Сакате повеќе да ризикувате и сте отворени за нови искуства, што ве прави вистински бунтовник. Поопуштени сте од вашите браќа и сестри (со помала дисциплина, но со големо внимание од родителите, па зошто и да не бидете?) и веројатно ќе се пронајдете во некоја креативна и слободна професија или во продажба.
Но, “бебињата” на семејството честопати се третираат како беспомошни од навика – и честопати тоа трае многу подолг период отколку што навистина е потребно. Како резултат на тоа, најмалите браќа и сестри се сметаат за финансиски најнеодговорни.
Што се однесува до фактот дека сте природно комични и забавни, тоа веројатно е и вистина: Тина Феј, Рики Жерве и Еди Марфи се најмладите деца во нивните семејства.
Крај