Еве што не треба да ставите во вашето CV
Направете го вашето CV привлечно и избегнувајте да направите грешки што би можеле да резултираат со тоа да не бидете повикани на интервју.
Не давајте непотребно долги детали
Спомнете ги само тековните достигнувања и оние кои се релевантни. Не пишувајте премногу за вашето образование, ако имате поголемо работно искуство – подобро е повеќе да се задржите на овој дел.
Не лажете
Многу лесно може да се провери веродостојноста на дипломите и сертификатите како и работното искуство кое го имате наведено во CV-то.
Несоодветна фотографија
Ако веќе ставате ваша фотографија во CV-то, тоа треба да биде фотографија на која изгледате професионално. Фотографии на кои сте разголени или кои се во опуштена атмосфера можат да дадат многу погрешна слика за вас и работодавачот да не ве сфати сериозно.
Хобија
Освен ако хобијата не се поврзани со работата за која аплицирате, на работодавачот не му е важно како вие го поминувате слободното време.
Не пишувајте листа на препораки
Во овој дел напишете само дека се достапни на барање. Постојано ажурирајте ги контактите и погрижете се тие да бидат тековни.
Крај