Што треба да направите ден пред вашата свадба
Сигурно поминавте веќе безброј пати низ листата на работи што треба да ги завршите пред свадбата. Но, како што се наближува последниот ден ве фаќа паника и се плашите дека нешто сте заборавиле. Не грижете се! – Во прилог прочитајте што се треба да направите ден пред вашата свадба:
Јадете здрава храна
Колку и да звучи примамливо голема пица или пакетче чипс, држете се до свежо овошје и житарки. Тие сигурно нема да ви направат никаков проблем и ќе можете мирно да спиете.
Подгответе торба или несесер со лични предмети
Неопходните работи ставете ги во несесер и погрижете се наредниот ден после свадбата да бидат во невестата соба или во вашата хотелска соба.
Пијте многу вода
Чувајте чаша вода во близина и избегнете ја дехидрацијата која стресот и трчањето наваму-натаму често можат да ја предизвикаат.
Ставeте ги кутиите и предметите кои ви се потребни за церемонијата во автомобилот
Сместете ги во автомобилот сите предмети што ви се потребни за денот на венчавката, за наредниот ден да можете да се разбудите без грижа дека треба да направите нешто.
Не заборавајте да земете пари
Земете пари со вас во случај да треба да купите нешто итно во последна минута.
Проверете уште еднаш дали чевлите ви се точни и дали во нив можете да играте
Облечете ги чевлите и одете низ собата, низ домот и по скалите. Потоа пуштете ја гласно вашата омилена песна и танцувајте! Ова ќе ви помогне не само да се ослободите од стресот, туку и да видите дали можете да играте во чевлите.
Земете влечки или ниски обувки
И чувајте ги во близина, сигурно ќе сакате да ги промените во текот на вашата свадба. Вашите нозе ќе се уморат многу побрзо од вас!
Наспијте се добро
Или барем обидете се да се легнете во вашиот кревет порано и добро да се одморите.
Телефонот нека биде на тивок режим
Не проверувајте што се случува на Фејсбук и не одговарајте на пораките од вашите другарки кои ви делат совети како да го “преживеете” денот на свадбата.
Гледајте нешто што ќе ве насмее и расположи
Стресот околу свадбата си го прави своето! Затоа ноќта пред важниот настан пуштете некоја серија која ве засмејува или гледајте смешни видеа на YouTube и опуштете се.
Дишете длабоко
Завршете го денот пред вашата венчавка со 5 минути медитација и длабоки вдишувања. Ова ќе ви помогне да се смирите пред да заспиете во вашиот кревет за последен пат како г-ѓица.
Крај