И страствените пушачи можат да ги обноват белите дробови
Постои начин како и страствените пушачи можат да ги обноват белите дробови…Исхрана богата со домати и овошје носи низа здравствени придобивки, од намалување на ризикот за рак на кожата до зајакнување на имунолошкиот систем. Овие намирници можат исто така да ја обноват функцијата на белите дробови кај поранешните пушачи.
Секоја година отприлика 55% од пушачите се обидуваат да престанат да пушат. Престанокот со пушење драматично го намалува ризикот од појава на болести на белите дробови, од хронични опструктивни белодробни болести па сѐ до рак.
Здравјето на белите дробови после престанокот со пушење е тема која предизвикува голем интерес меѓу поранешните пушачи и здравствените професионалци.
Белите дробови почнуваат да зацелуваат веднаш после гасењето на последната цигара, но процесот на потполно опоравување е бавен и может да трае со години. Дополнително, престанокот со пушење не го брише во целост ризикот од развој на болести поврзани со пушење.
Друг фактор кој треба да се земе во предвид е фактот дека белите дробови потполно созреваат помеѓу 20та и 25та година, а после 35та година функцијата на белите дробови полека почнува да слабее и дишењето постепено станува сѐ потешко. Тоа се случува бидејќи дијафрагмата и другите мускули со тек на годините ја губат еластичноста, а алвеолите го губат својот облик.
Истражувањата на научниците од училиштето за јавно здравје Johnsa Hopkinsa во Балтимор, покажало е дека исхраната богата со домати и зеленчук, особено со јаболка, го намалува ризикот од појава хронични опструктивни белодробни болести кај поранешните пушачи, а со тоа го забавува и природното слабеење на функцијата на белите дробови. Ова исто така важи и за лица кои никогаш не пушеле цигари.
Магичниот број, како што тврдат научниците, е два домати и три свежи овошја дневно.
Извор: 24sata.hr
Крај