Трик за прекривање на сувите делови на кожата од лицето
Проблематичната и премногу сува кожа е тешка за третирање, но исто така и за прекривање со шминка бидејќи тогаш уште повеќе се нагласуваат сувите делови.
Едноставниот трик е да нанесете малку хидратантно масло за лице на проблематичните делови пред да ја нанесете пудрата.
Еве како да го направите тоа:
Истурете неколку капки масло за лице на вашата дланка.
Сунѓерот за нанесување шминка натопете го со вода и исцедете го вишокот пред со него да го земете маслото од вашата дланка.
Поминете со сунѓерот врз сувата кожа додека маслото не се апсорбира.
Потоа започнете да ја нанесувате шминката како што тоа го правите вообичаено.
Маслото ќе ги таргетира проблематичните делови од лицето, така што пудрата ќе може да ги прекрие без дополнително да ја иритира и исуши и онака сувата кожата. Дополнително, маслото ќе ви помогне вашата кожа да заздрави побрзо.
Крај