Направете свеќа од која комарците ќе бегаат
Колку и да го сакаме летото и топлите денови, комарците и останатите инсекти навистина ни го намалуваат уживањето. Но дали знаете дека постојат растенија кои комарците не ги сакаат и од кои бегаат?
Тие не сакаат мирис на лаванда, еукалиптус, цимет, рузмарин и лук. Но, мирисот на лук не го сакаат и многу луѓе, па затоа не ви препорачуваме да се премачкате со лук и така да излезете од домот.
Етеричните масла се добри, но не смеете директно да ги нанесувате на кожата бидејќи се многу јаки. Затоа е најдобро неколку капки да ставите во маслиново масло и со таа машавина да ја премачкате кожата. Или можете да капнете неколку капки на памук или хартија и да ги оставите блиску до вас кога седите во дворот или во градината.
Ние ве советуваме да направите декоративна свеќа која можете да ја ставите во домот или надвор, која покрај прекрасната атмосфера истовремено ќе ги брка и комарците.
За тоа ви се потребни:
– восок (можете да искористите стара свеќа или да го купите)
– етерично масло (лаванда и еукалиптус)
– 2 дрвени стапчиња
– стаклен сад за свеќата
– фитил
– леплива трака
1. Во стаклениот сад ставете го фитилот, така што дрвените стапчиња ќе го држат врз садот, а долниот дел залепете го на дното на садот со леплива трака. Стапчињата поставете ги рамно, за да го држат фитилот на средината на садот и истиот да не се измести подоцна кога ќе го ставате восокот.
2. Стопете го восокот на средна температура и во него додадете неколку капки од етеричните масла.
3. Вака добиената мешавина истурете ја во стаклениот сад и оставете неколку часа да се стврдне.
4. На крај тргнете ги дрвените стапчиња кои го држеа фитилот.
Крај